Лени Кравиц, тоа е стилот Ив Сен- Лоран


Франција- Со текот на годините, брендот „Ив Сен- Лоран“ внимателно негуваше врски со музичари – од „кралската“ листа до оние во подем и ги пополнуваше посакуваните први редови на своите ревии со ѕвезди од типот кој е кој од музичката индустрија .

Поп-ѕвездата Лени Кравиц кој имаше незаборавен концерт и во Скопје, е стилската ѕвезда во новата  кампања, во режија на Дејвид Симс која ја слави колекцијата за есен / зима на брендот (со уметнички потпис на Ентони Вакарело, сегашен креативен директор на „Сен-Лоран“).

Се разбира, има неколку модерни аватари во музичката индустрија достојни на луксузниот бренд, Кравиц е секако меѓу нив. Најголемиот заводник во Холивуд и на 60 години носи припиени фармерки како никој друг меѓу музичарите. Колекцијата е  темно секси и  ретро.

Во свилени кошули, (и со дезен на леопард) сако, и црн тексас Кравиц е неодолив.