Акционерите на „Фершпед“ ќе поделат помала дивиденда за 2019 година


„Фершпед“ соопшти дека неговите акционери донеле одлука за 2019 година компанијата да исплати дивиденда од 550 денари по акција, што е значително помалку во споредба со дивидендата за минатата година која изнесуваше 1.780 денари.

Компанијата информира дека за исплата на дивиденда ќе одвои 8,97 милиони денари од лански профит.

„Фершпед“ лани оствари профит од 28,27 милиони денари, што претставува раст од 558 отсто во споредба со 2019 година.

Компанијата „Фершпед“ е формирана како државно претпријатие во 1968 година, по што е приватизирана во 1995 година.