Влада: Ако не се почитува самоизолација, државен карантин на своја сметка


Владата на денешната седница донесе Уредба за изменување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба. Уредбата определува дека доколку некое лице одбие да го прими решението за самоизолација, или дава лажни лични податоци и лажни податоци во врска со лицата со кои […]

Ајфеловата кула се отвора повторно на 25 јуни


Ајфеловата кула ќе биде повторно отворена за посетителите на 25 јуни по тримесечен прекин на работата поради епидемијата на новиот коронавирус, соопшти денеска компанијата задолжена за одржување на таа туристичка атракција во Париз. Посетителите ќе можат да се искачат пеш, не со лифт, само до вториот кат и ќе мора да носат заштитни маски. – […]

(Интервју) Самуел Жбогар: Вашата земја е во чудна ситуација


Слободанка Јовановска Новата преговарачка рамка и одлуката да почнат преговорите со Македонија нема да зависат од изборите во земјата, тврди евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за „Независен“. Во рамката што ќе се донесе со консензус, на еден или на друг начин ќе биде опфатено спроведувањето на Договорот со Бугарија. Индиректно, амбасадорот порачува партиите да договорат […]

Сведочењето на Нинџа – приказна за еден пропаднат пуч


Александар Василевски – Нинџа денеска во Кривичниот суд ја раскажа целата технологија на настаните од 27 април и подоцнежното прикривање на трагите. Според ова сведочење ВМРО-ДПМНЕ и УБК се главни организатори на упадот во Собранието   Денешниот ден во Кривичниот суд во голема мерка наликуваше на заплетите од шпионските романи на Џон ле Каре. Она […]

Во Скопје 41 новозаразен, најмногу во Чаир и Карпош


На подрачјето на Град Скопје денеска е регистриран 41 новозаразен со коронавирусот, од кои најмногу – 24 се од Чаир, по што следат Карпош, Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров. Во Скопје има вкупно 760 активни случаи на КОВИД-19, од кои во Чаир се 192, во Центар 66, во Бутел 68, во Гази Баба 63, […]

Прелет на воздухопловите на Армијата утре над Скопје 


По повод 10 Јуни – Денот на воздухопловниот ВИНГ, за утре од 12:00 до 13:00 часот е планирано надлетување над Скопје со група на воздухоплови. Како што соопшти РЦУК – Скопје, групата ќе биде формирана од девет воздухоплови и е планирано да лета во формација 3-2-2-2 и тоа: три хеликоптери Ми-17 – водител на група, два хеликоптера […]

Во Србија денеска регистрирани 69 нови случаи, нема починати


  Во последните 24 часа, во Србија регистрирани се нови 69 случаи со Ковид-19, а вкупно беа тестирани 5.239 луѓе. До сега регистрирани се 11.965 случаи. Денеска нема починати пациенти од Ковид-19. Во Србија има 447 активни случаи, а 15 пациенти се на респиратор.

Во Словенија законски ќе се забрани продавниците да работат во недела – трговците се против


Здружението на трговците на Словенија е против предлог законот кој предвидува продавниците да не смеат да работат во недела, јави дописникот на МИА од Љубљана. Од здружението сметаат дека со ваквото решение, директни губитници ќе бидат токму вработените во овој сектор. Пресметките покажале дека доколку трговските објекти останат затворени секоја недела, прометот би опаднал за […]

Во Шпанија маските задолжителни до пронаоѓање лек или вакцина


Носењето маски во јавност ќе остане задолжително во Шпанија и по завршувањето на вонредната состојба на 21 јуни, односно, ќе остане во сила додека не се најде лек или вакцина против коронавирусот, изјави денеска министерот за здравство на таа земја, Салвадор Илја. – Шпанците мора да продолжат да носат маски во затворено и на отворено […]

Нема полициски час, ќе има засилени контроли во подрачјата со поголем број новозаболени од коронавирус


Секој што ќе добие решение за изолација ќе мора да ја инсталира апликацијата „СтопКорона“ Владата на денешната 63-та седница во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19 заклучи да се воведат засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја на градот Скопје и општините во градот Скопје, потоа во околните скопски општини Арачиново, […]

Му се заканувал на Фејсбук, па го нападнал и со секира


  Во понеделникот, околу 21.15 часот во Полициската станица Свети Николе, А.В.(43) од Лозово пријавил дека во село Сарамзалино,Оопштина Лозово, Б.В.(35) од истото село му упатил закани и се обидел да го нападне со секира. Според пријавеното, претходно, Б.В. на социјалната мрежа Фејсбук, исто така, упатил закани по неговиот живот. За настанот бил известен Јавен […]

Панатинаикос се продава за 25 милиони евра


Сопственикот на КК Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, објави дека е подготвен да го продаде клубот за 25 милиони евра, објави „Еврохопс“. Откако го објави крајот на сезоната 2019/2020, Јанакопулос уште еднаш влезе во отворен конфликт со раководството на Евролигата и нејзиниот претседател Жорди Бертомеу. Јанакопулос се закани дека грчкиот гигант ќе ја напушти Евролигата и ќе […]

Рано е за отворање на аеродромите, вели Сугарески


Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека се уште е рано да се донесе одлука за отворање на аеродромите. -На оваа тема се разговара, но се уште е рано да се донесе одлука, рече Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на пелагонискиот регион. Сугарески повтори дека ТАВ, концесионерот на аеродромите во […]

Грција ќе ги тестира туристите по случаен избор


Планот на владата за туризмот не се менува, веројатно во четврток Министерството за здравство и Генералниот секретаријат за цивилна заштита ќе излезат со соопштенија за тестовите – колку, кога, каде, како ќе се прават, како и за зајакнување на здравствените структури во земјата, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со […]

На сила му влегле дома и го нападнале


  Две лица насилно влегле во куќа во Прилеп и нападнале маж. Ова го пријавила, вчера во Полициската станица Прилеп, В.М.(32) од Прилеп пријавила. Таа рекла дека вечерта во 23.30 часот, во неделата, две лица со употреба на сила влегле во нејзината куќа и физички го нападнале нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на […]

Пелоси и крајот на модната дипломатија


САД- Водечките американски демократи во Конгресот клекнаа на колена осум минути и 46 секунди во знак на сеќавање на Џорџ Флојд. Членови на партијата, меѓу кои и спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, со тоа му оддадоа чест на Флојд, црнец кој почина откако полицаец белец го држеше притиснат со колено врз вратот осум минути […]

РКЕ ќе побара Електродистрибуција да ги замени постоечките со броила со далечинско отчитување


До Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) последниве денови пристигнуваат по 30-тина барања од граѓаните за корегирање на високите сметки од ЕВН, потврди денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски и најави дека ќе направат притисок постоечките броила да бидат заменети со броила со далечинско отчитување за во иднина да нема проблеми со фактурите за потрошена електрична […]

Во Хрватска нема новозаразени, но починаа две пациентки


  Во текот на претпладнето, денеска починале две женски лица на возраст од 79 години, како последица на Ковид-19, јавуваат хрватските медиуми. Едната била сместена во Дом за стари лица во Сплит, а другата во Дом за стари во макарска. Двете биле во болницата во Сплит на респиратор, но иако последните два теста им биле […]

ДЗС: Лани за 3,6 отсто зголемена смртноста во однос на 2018 година


Бројот на починати лица во земјава лани е зголемен за 3,6 проценти во однос на 2018 година и изнесува 20.446. Поголем број се од машки пол и тоа 10.616 или 51,9 отсто од вкупно починатите лица. Просечната возраст кај починатите од машки пол изнесува 71,6 години, односно 76,0 години кај лицата од женски пол или […]

Бројот на инфекциите падна под сто – денеска има 87 заразени


Во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на Ковид-19, објави на својата Фејсбук страница министерот за здравство, Венко Филипче. Тоа е пад под сто инфицирани по повеќе денови. Скопје – 41 Куманово – 12 Штип – 16 Тетово – 10 Струга – 1 Охрид – 2 Гостивар – […]