Му се заканувал на Фејсбук, па го нападнал и со секира


 

Во понеделникот, околу 21.15 часот во Полициската станица Свети Николе, А.В.(43) од Лозово пријавил дека во село Сарамзалино,Оопштина Лозово, Б.В.(35) од истото село му упатил закани и се обидел да го нападне со секира.

Според пријавеното, претходно, Б.В. на социјалната мрежа Фејсбук, исто така, упатил закани по неговиот живот.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.