Бројот на инфекциите падна под сто – денеска има 87 заразени


Фото: Б. Грданоски

Во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на Ковид-19, објави на својата Фејсбук страница министерот за здравство, Венко Филипче. Тоа е пад под сто инфицирани по повеќе денови.

Скопје – 41
Куманово – 12
Штип – 16
Тетово – 10
Струга – 1
Охрид – 2
Гостивар – 1
Пробиштип – 4

На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред два дена и потврден позитивен на оваа клиника.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира пет оздравени пациенти.
Скопје – 1
Прилеп – 2
Тетово – 2

Досега во земјата се направени вкупно 38.014 тестирања на Ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени осум нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациент. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се седум нови, а вкупно хоспитализирани 49 пациенти. На респираторна машина се девет, a со потешка клиничка слика се уште седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат два пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 37 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера : Чаир-192, Бутел-68, Центар-66, Гази Баба-63, Аеродром-61, Карпош-57, Сарај-55, Кисела Вода-37, Ѓорче Петров-23, Арачиново-23, Шуто Оризари-21, Студеничани-20, Илинден-18, Петровец-6, Чучер Сандево-3, Сопиште-2 и Странец-2.