Пелоси и крајот на модната дипломатија


САД- Водечките американски демократи во Конгресот клекнаа на колена осум минути и 46 секунди во знак на сеќавање на Џорџ Флојд.

Членови на партијата, меѓу кои и спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, со тоа му оддадоа чест на Флојд, црнец кој почина откако полицаец белец го држеше притиснат со колено врз вратот осум минути и 46 секунди.

Пелоси избра облека, која ни кажа точно за што размислува. Го надополни нејзиниот празничен изглед со патлиџан боја комплет со панталони со шал Канте, дел од африканското наследство, изработен во Гана ,  од традиционален африкански материјал.  Облеката, како што се претпоставува, беше наменета како знак на солидарност со црната заедница, која беше систематски брутализирана од полицијата. Многумина на Твитер се прашуваа дали симболиката на народот Ашанти, соодвествува на емпатијата на политичарите за црно-американското искуство. Како што рече модниот историчар Шелби Ајви Кристи, материјалот „доаѓа од Гана + е нивна интелектуална сопственост – тоа не е американски политички гест“.„Можеа да го сторат и без ова“.

Конфузијата со шалот „Канте“  е последниот пример на политичарите кои користат облека за да пренесат што мислат дека не можат, не треба или нема да кажат. Тоа е она што обично се нарекува „модна дипломатија“. Таа стана една од најистакнатите карактеристики на се повеќе визуелна американската демократија во изминатата деценија.

И треба да заврши.

Модната дипломатија одамна е дел од тоа да се биде жена во јавната сфера: Првите дами од Џеки Кенеди до Меланија Трамп носеа специфични дизајни или модели за да покажат почит кон странските гости или кон домаќините, а Мишел Обама со креациите на Џ.Кру сакаше да се изедначи со  просечната Американка. Но, сегашниот бран на модна дипломатија стана редовна карактеристика на американскиот политички дијалог непосредно пред изборите во 2016 година, кога панталоните на Нина Меклемор што ги носеше Хилари Клинтон, одеднаш ја ставија во фокусот на јавноста.Може да биде тешко да се запамети дека пред само неколку години, се сметаше за несериозно, па дури и сексистичко да се дискутира за тоа како се облекува еден политичар – одвраќање од „вистинските прашања“ – но Клинтон, со надеж дека ќе го нагласи полот на начин на кој таа би избегнала во 2008 година, ги искористи своите костуми за да го потенцира  професионалниот феминизам. Таа честопати го правела тоа со голем успех, облекувајќи бел костум. Но, за време на администрацијата на Трамп, облеката е во центарот.Изборот на гардероба беше клучна компонента во кампањата на Иванка и Џаред Кушнер со стилот да се наметнат како  наследници на Камелот на Кенедиеви. Дамите се во прв план, мажите се опишани како вежбачи на модната дипломатија.

По кампањата на Хилари, односите на јавноста со модната дипломатија достигнаа треска кога Меланија Трамп ја носеше својата злогласна зелена јакна – онаа на која пишуваше: „“I REALLY DON’T CARE DO U? – додека ги посетуваше притворените деца во пограничните градови во Тексас во август 2018 година Беше таков бизарен гаф што се чинеше дека мора да содржи некоја тајна порака, што навистина мисли една од најмалку разговорните први дами на Америка.

Но, Пелоси стана најтрофејниот играч полето на модната дипломатија. Минатата недела, таа носеше розова маска што совршено одговараше на нејзиниот фустан. Заштитните маски и станаа заштитен знак, повеќе ги комбинира со гардеробата како моден детал отколку како заштитна функција. Како одмазда за домаќините во Белата куќа кои одбиваат да носат маски во јавноста.

Не е доволно да се користи визуелен симбол – особено кога не е јасно што, ако било што, стои зад тоа. Постојат и други начини за политичарите да покажат дека ја вршат работата, исто така: политичарите, за разлика од славните, треба да бидат јасни комуникатори и не треба да се потпираме на нивната облека да знаеме за што размислуваат, или да нè мавнат кога се чини дека нивните постапки не поминале добро. (На одреден начин, мора да ја почитувате Меланија Трамп за тоа што се облекува како богатата жена која е вљубена во конзервативните парчиња на Гучи, фустаните на Диор и чевлите Лабутин. Таа не исполнува ничии очекувања. Како прва дама, таа не се претставува како мајка на Џ. Кру или Мадвел). Повеќе не е доволно да носите шал или палто и тие да зборуваат место вас. Самата облека може да каже многу. (GQ)