Рано е за отворање на аеродромите, вели Сугарески


Фото: Б. Грданоски

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека се уште е рано да се донесе одлука за отворање на аеродромите.

-На оваа тема се разговара, но се уште е рано да се донесе одлука, рече Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на пелагонискиот регион.

Сугарески повтори дека ТАВ, концесионерот на аеродромите во Скопје и во Охрид, информирале дека од моментот кога ќе се донесе одлука за отворање на аеродромите за да ги стават во функција ќе им требаат седум дена.

Со одлука на Владата, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, од 15 март на полноќ е затворен аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а од 18 март на полноќ и Меѓународниот аеродорм Скопје.