На сила му влегле дома и го нападнале


 

Две лица насилно влегле во куќа во Прилеп и нападнале маж.

Ова го пријавила, вчера во Полициската станица Прилеп, В.М.(32) од Прилеп пријавила.

Таа рекла дека вечерта во 23.30 часот, во неделата, две лица со употреба на сила влегле во нејзината куќа и физички го нападнале нејзиниот сопруг.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.