Рекордно намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во нив


Полицискиот час што беше воведен од 22 март, како резултат на пандемијата од КОВИД-19, сериозно влијаеше и на бројот на сообраќајни незгоди на патиштата во државата. Сообраќајната статистика покажува рекордно намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во нив. За времетраењето на ограничувањето на движењето на граѓаните генерално во текот на целиот период бројката […]

Белгискиот принц заразен со корона вирус, бил на забава во Шпанија


Белгискиот принц Јоаким е позитивен на корона вирус откако присуствувал на една забава во Шпанија. Најмладиот син на принцезата Астрид, 27-годишниот принц Јоаким, се заразил, како што се претпоставува, на забава во Кордоба, но причините зошто бил таму, не се разјаснети. Првите информации за тоа дека е болен член на белгиското кралско семејство ги објави […]

Дневник од карантинот на еден актер (8)


ВАСИЛ ЗАФИРЧЕВ „Да! Но, од кај знаеш што ќе се случи за еден месец од сега? Можеби тогаш нема да сме во карантин. Можеби до тогаш интернетот ќе колабира, што не е ни чудо, со оглед на тоа колку печени кифлички и среќни семејства се објавуваат секој миг, секој час. Можеби интернетот ќе го исклучат? […]

(ВИДЕО) Протестите се проширија низ цела Америка


Протестите поради смртта на Џорџ Флојд, Афроамериканец кој беше брутално задушен од полициски службеник во понеделникот во Минеаполис, се проширија низ цела Америка, од источниот до западниот брег на земјата. Протестите и нередите поради расизмот и самоволието на униформираните лица ги вратија спомените од свежите изблици на гнев по случаите на полициско насилство и стрелби […]

Партиите блиску, а сепак далеку од договор за изборите


Претседателот Стево Пендаровски  по седницата на Советот за безбедност соопшти дека партиите биле блиску до договор за датум за избори, но последните два дена, поради ситуацијата со коронавирусот и зголемениот број заболени, ја прекинале комуникацијата. Партиските лидери, како што рече Пендаровски, се разидувале за 10 до 15 дена околу датумот за изборите, а можеби и […]

Граѓаните уште денеска имаат рок да ги потврдат или коригираат даночните пријави


Граѓаните уште денеска ќе можат да ги потврдат или да ги коригираат годишните даночни пријави. Ако тоа не го сторат, од 1 јуни Управата за јавни приходи ќе ги смета даночните пријави за конечни. -По истекот на законскиот рок на 1 јуни 2020 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот […]

Почнува четвртата вонредна состојба во земјава


Зголемениот број заразени и починати лица од коронавирусот е главна причина за четвртата вонредна состојба во државава што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски. Оваа одлука, како што рече Пендаровски, ја носи исклучиво за да им се овозможи на Владата и на останатите надлежни институции поефикасно да се справуваат со здравствените и со економско- социјалните ефекти […]

Каде оди Словенија на чело со Јанша?


Третиот мандат на Јанез Јанша би можел да биде потурбулентен од претходните. Земјата сѐ повеќе се поларизира, а во надворешната политика врските со Орбанова Унгарија стануваат посилни   „Наскоро ќе бидеме најдобри во борбата против короната“, порача преку Твитер новинарката Евгенија Карл. И, продолжи во ист, саркастичен тон: „99,9 отсто од населението ја поддржува владата. […]

Како помина Македонија, а како други држави кои издадоа обврзници во време на пандемијата


Финансиските пазари се неизвесни и никој не може да знае целосно какво ќе биде однесување на инвеститорите кога ќе се понуди обврзницата, велат економисти Дали Македонија плати превисока цена за еврообврзницата што ја издаде деновиве и дали беше избран соодветниот термин за целиот овој процес, кој траеше во изминатите месец-два, се некои од прашањата кои […]

(Видео) Гледајте го во живо лансирањето на „Фалкон 9“ во орбитата


„Спејс икс“, приватната компанија на милијардерот Елон Маск, денеска повторно ќе се обиде да лансира ракета со двајца астронаути во орбитата од Флорида, што е прво полетување на американски астронаути од американско тло, во последните девет години. Ќе биде тоа прв пат Американци во вселената да ги однесат комерцијални вселенски летала, во сопственост на приватни […]

Латинска Америка може да стане најголем светски епицентар на корона вирус


  Додека Латинска Америка минатите месеци набљудуваше како остатокот од светот се бори со пандемијата од корона вирусот, а ова американско подрачје сега е под закана да стане најголем светски епицентар на Ковид-19. Месеци откако вирусот излезе од кинеската провинција Вухан, сега забрзано се шири и во Латинска Америка, каде до сега се забележани 920.000 […]

Бразил и Индија со рекорден број на заразени од корона вирус


Индија и Бразил денеска регистрираa уште еден црн рекорд во бројот на новозаразени со корона вирусот. Во Индија инфицирани се уште 7.964 лица, а починале уште 265 луѓе. Со тоа, вкупниот број на потврдени случаи на корона вирусот е зголемен на 173.763, а починале вкупно 4.971 лице. Бразил ја помина Шпанија по бројот на смртни […]

Земјотрес во Корча почувствуван и во земјава


Земјотрес чиј епицентар се наоѓа 165 километри југозападно од Скопје, а потекнува од пограничното епицентрално подрачје Корча, Албанија, попладнево е почувствуван во земјава. Ккао што соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран денеска во 17 часот и 35 минути. Земјотресот е со 3.5 степени по Рихтер, а бил почувствуван во југозападните […]

Филипче: Вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките


Од почетокот на кризата со коронавирусот, на секој јавен настап повторувам една работа – вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките. Оние кои не веруваат во ова треба да ја погледнат состојбата во Општина Дебар. Дебар беше прва општина која влезе во карантин, а денес е општина во која со […]

Италија: Расте бројот на починати, се намалуваат новозаразените


Дневниот број починати од Ковид-19 во Италија порасна во однос на претходниот ден, но намален е бројот на новозаразени. Во последните 24 чсаса во таа земја починаа 111 пациенти, а вчера имаше 87. Забележание се 416 нови случаи на инфекција, 100 помалку од вчера, пренесе Ројтерс. Во Италија од почетокот на епидемијата заразени се вкупно […]

Кина на луѓе тестира пет вакцини, на пазарот кон крајот на годината


Една кинеска вакцина против корона вирсупт може да биде готова за појавување на пазарот кон крајот на годината, или на почетокот на 2021 година. Како што наведува Ројтерс, повече од 2.000 луѓе веќе ги примија пробните вакцини развиени во билошките институти во Вухан и Пекинг, објави надлежната државна комисија на кинеската социјална мрежа „Вичет“. ДВете […]

Ненајавен протест во Рим: Вирусот е лага, гладни сме


Стотици луѓе се собраа денеска во Рим на ненајавен протест поради рестриктивните мерки во Италија, најдолги во Европа. Тие протестираа за да укажат на тешката положба на луѓето кои се соочуваат со економските последици од блокадите. Медиумите пренесуваат дека протестот е организиран од страна на крајно десничарски групи. Учесниците на протестот кои во главниот град […]

Утре променливо облачно со пороен дожд и грмежи


Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и појава на грмежи. Како што најавува УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде од 4 до 13, а максималната од 16 до 24 степени. УВ индексот ќе изнесува 6. Во Скопје ќе […]

Ќе се земаат епидемиолошки анкети од семејството на починатиот од Ковид-19 кој не бил погребан според протоколот


Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје, под асистенција на Министерството за внатрешни работи, денеска ќе направи акција за земање епидемиолошки анкети од семејството на лицето кое почина во приватна болница и кое не било погребано по протокол за Ковид-19, иако посмртниот брис му бил позитивен. -За овој случај, директорот на […]