Латинска Америка може да стане најголем светски епицентар на корона вирус

 

Додека Латинска Америка минатите месеци набљудуваше како остатокот од светот се бори со пандемијата од корона вирусот, а ова американско подрачје сега е под закана да стане најголем светски епицентар на Ковид-19.

Месеци откако вирусот излезе од кинеската провинција Вухан, сега забрзано се шири и во Латинска Америка, каде до сега се забележани 920.000 заразени лица и 50.000 смртни случаи, јавува Си-ен-ен.

„Ваква ситуација сепак не изненадува. Беше очекувано дека ќе се случи“, рече Ана Диез Рокс, деканка на Универзитетот Дрексел за јавно здравство.

Стручњаците, вклучително и поранешниот шеф на држава, епидемилози и врвни истражување во регионот, согласни се дека погрешниот одговор на владите во ширењето на вирусот што доведе до влошување на епидемијата. Тие се на мислење дека ситуацијата и ќе се влоши дополнително.

„Има неколку лоши примери на влади кои едноставно не се грижеа за епидемијата и чии претседатели не реагираа“, рече Луис Гилермо Солис, поранешниот претседател на Коста Рика.

Тој особено се осврна на лошата реакција на властите на Бразил и на Мексико, двете најголеми земји на овој регион. Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро го нарече корона вирусот „мал грип“. Бразил сега има повеќе од 465.000 заразени од корона вирус и речиси 28.000 починати.

Латинска Америка го забележа првиот случај од корона вирус во февруари кога позитивно беше тестиран 61-годишен маж од Сао Паоло, по враќањето од Италија. Недели потоа се чинеше дека ситуацијата е под контрола. Првиот смртен случај од Ковид-19 забележан е во Аргентина на 7 март.

Сепак, некои стручњаци предвидоа дека ќе дојде до ескалација, што и се случи.