Белгискиот принц заразен со корона вирус, бил на забава во Шпанија

Белгискиот принц Јоаким е позитивен на корона вирус откако присуствувал на една забава во Шпанија. Најмладиот син на принцезата Астрид, 27-годишниот принц Јоаким, се заразил, како што се претпоставува, на забава во Кордоба, но причините зошто бил таму, не се разјаснети.

Првите информации за тоа дека е болен член на белгиското кралско семејство ги објави шпанскиот весник „Ел конфиденсијал“ пружајќи како доказ официјален документ од властите во Андалузија.

Белгиските медиуми ја потврдија информацијата дека Јоаким бил во Шпанија, дека има Ковид-19 со благи симптоми, пренесе Би-би-си.

Потврдено е дека принцот патувал во Шпанија, а дека таму заминал на стажирање. Познато е дека тој е во долгогодишна врска со една Шпанка.

Шпанските и белгиските медиуми не се сложуваат околу бројот на луѓе кои присуствувале на забавата. Шпанците тврдат дека имало 27 гости, со што принцот ги прекршил прописите на карантинот, а Белгијците тврдат десетина, наведува Би-би-си.

Сепак, сите ќе бидат во домашна изолација.