Кина на луѓе тестира пет вакцини, на пазарот кон крајот на годината


Една кинеска вакцина против корона вирсупт може да биде готова за појавување на пазарот кон крајот на годината, или на почетокот на 2021 година.

Како што наведува Ројтерс, повече од 2.000 луѓе веќе ги примија пробните вакцини развиени во билошките институти во Вухан и Пекинг, објави надлежната државна комисија на кинеската социјална мрежа „Вичет“.

ДВете институции, поврзани со фармацевтската групација „Синофарм“, влегоа во втората фаза од тестирањето на вакцината, а производната линија на институтот во Пекинг ќе може да обезбеди 100 до 120 милиони дози кинеска вакцина годишно кога ќе почне производството, наведува Ројтерс, потсетувајќи дека во Кина на луѓе во моментот се врши тестирање на вкупно пет вакцини.