Италија: Расте бројот на починати, се намалуваат новозаразените

Дневниот број починати од Ковид-19 во Италија порасна во однос на претходниот ден, но намален е бројот на новозаразени.

Во последните 24 чсаса во таа земја починаа 111 пациенти, а вчера имаше 87.

Забележание се 416 нови случаи на инфекција, 100 помалку од вчера, пренесе Ројтерс.

Во Италија од почетокот на епидемијата заразени се вкупно 232.664 луѓе, а починаа 33.340.

Италија по бројот на смртни случаи е трета во светот, а по заразени – шеста.