Бразил и Индија со рекорден број на заразени од корона вирус


Индија
Индија и Бразил денеска регистрираa уште еден црн рекорд во бројот на новозаразени со корона вирусот.

Во Индија инфицирани се уште 7.964 лица, а починале уште 265 луѓе. Со тоа, вкупниот број на потврдени случаи на корона вирусот е зголемен на 173.763, а починале вкупно 4.971 лице.
Бразил ја помина Шпанија по бројот на смртни случаи од Ковид-19. Во изминатите 24 часа од корона вирусот починале 1.124 лица, што е четврти ден со повеќе од илјада смртни случаи од корона вирусот во Бразил.
Вкупниот број на починати сега изнесува 27.878,додека во Шпанија, според податоци на Универзитетот Џон Хопкинс, од корона вирусот починале 27.121 лице.
Бразил информира за 26.928 нови случаи на корона вирусот, што е рекорден број на дневно ниво.