Автомобил падна во Вардар кај болницата „Аџибадем Систина“


 Во тек е акција за извлекување на автомобил кој паднал во Вардар во близина на пешачкиот мост кај болницата Аџибадем Систина. Екипи на Противпожарната единица и нуркачката единица при МВР поставуваат сајли за извлекување на возилото. Засега не се знае дали има луѓе во возилото.

Најмногу жртви во еден ден во Русија од почетокот на епидемијата


Во Русија во последните 24 часа од последиците на корона вирусот починаа 150 лица, што е најголем број жртви во еден ден во земјата. Вкупниот број жртви во Русија е 3.249. Новозаболени има 8.894, што е седми ден под 10.000, пренесе Тас. Вкупно заразени до сега се 326.448, а според податоците на штабот за превентивни …

Најмногу жртви во еден ден во Русија од почетокот на епидемијата Read More »

Трамп: Нема да ја затвориме земјата во случај на втор бран


  Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека во случај на втор бран зараза од Ковид-19 нема да воведе карантин и да ја затвори земјата. „Имаме намера да го изгаснеме огнот, нема да ја затвораме земјата“, рече Трамп. До оваа изјава доаѓа истовремено со ублажување на рестриктивните мерки кои фи презедоа 50 американски држави, меѓу кои …

Трамп: Нема да ја затвориме земјата во случај на втор бран Read More »

Париз: Казни и апсења за време на протест на лекари


Најмалку 50 здравствени работници се казнети, а тројца се уапсени, за време на протест пред болницата „Робер Дебре“ во Париз. Демонстрантите барале поголема парична помош за болниците, кои, според француските медиуми, имаат финансиски проблеми, а полицијата интервенирала бидејќи, наводно, биле прекршени мерките за физичка дистанца. Полицијата во еден момент побарала демонстрантите да заминат, а на …

Париз: Казни и апсења за време на протест на лекари Read More »

Држава во црква и џамија


РУМЕНА БУЖАРОВСКА Можеби грешам кога велам дека МПЦ и ИВЗ се над државата. Можеби тие и се државата. Како поинаку да ја објаснам дозволата на техничкиот премиер за лапање на лажички за Велигден? Дали верувам дека реисот на ИВЗ навистина нема да пркоси на владините одредби и дека за тоа нема да биде казнет?   …

Држава во црква и џамија Read More »

Повредени возач и мотоциклист, излетале од коловозот


Во две одделни сообраќајни незгоди еден возач излетал со автомобилот од коловозот, како и еден моторџија, кој исто така излетал од коловозот, а двајцата се повредени и пренесени во болница. Во четвртокот, околу 15 часот на регионалниот пат Градско – Неготино, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.Ѓ.(49) од Гевгелија, излетало од …

Повредени возач и мотоциклист, излетале од коловозот Read More »

Владетелот на Чеченија, Рамзан Кадиров, заразен од корона вирусот


Рамзан Кадиров, силниот владетел на Чеченија, е во болница во Москва со симптоми на корона вирус, соопштија руските државни новински агенции доцна во четвртокот. Веста беше соопштена од две руски државни новински агенции, РИА Новости и Тасс, и двете повикувајќи се на „извор во медицинските кругови“. Ако е точно, тој би бил највисокиот руски функционер …

Владетелот на Чеченија, Рамзан Кадиров, заразен од корона вирусот Read More »

Приливите од дознаки во Србија во март помали за 28 милиони евра


Во Србија во март врз основа на дознаки се слеале 214,6 милиони евра, што е за 28 милиони евра или 11,5 отсто помалку од истиот месец минатата година, јавија српските медиуми. Од Народна Банка на Србија објаснувааат дека намалувањето е последица на пандемијата на корона вирус во светот. Речиси една третина од сите приливи по …

Приливите од дознаки во Србија во март помали за 28 милиони евра Read More »

Шилегов го сака „Вардар“ од Самсоненко само „чист“


Само без долгови би го превземале раководењето на ФК Вардар од досегашниот сопственик Сергеј Самсоненко, изјави градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов во дебатната емисија „Клик плус“ на „ТВ21“. На апелот на неговиот соговорник  Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој побара од Шилегов и советниците во Град Скопје, без разлика на политичката припадност, да ми се …

Шилегов го сака „Вардар“ од Самсоненко само „чист“ Read More »

Пановски: Им веруваат на поповите и оџите дека вирусот не се пренесува во свети објекти


Се согласувам со препораката маски да се носат, но гледам дека тоа не се почитува во целост. Сметам дека населението се умори од мерките и сега доаѓаме до ситуација, тезата „еден будала може да расипе 1000 луѓе“ да е вистина, изјави во гостувањето на „Утрински брифинг“ , проф. д-р Никола Пановски. Околу собирањата на литургии, …

Пановски: Им веруваат на поповите и оџите дека вирусот не се пренесува во свети објекти Read More »

Кина: Неопходен закон за Хонгконг


Кинеските власти соопштија дека е „крајно неопходно“ да се усвои закон за националната безбедност за Хонгконг. – Крајно е неопходно да се воспостави кинеско национално законодавство и да се подобрат правниот систем и извршните механизми за специјалниот административен регион Хонгконг, со цел да се заштити националната безбедност, изјави Џанг Јесуи, портпарол на Секинескиот народен конгрес, …

Кина: Неопходен закон за Хонгконг Read More »

Само двајца позитивни на корона вирусот во градинките


 Двајца позитивни на Ковид-19 се откриени досега во скринингот на вработените во градинките. До вчера, според објавената статистика на Министерството за здравство, направени се 1340 тестови во градинките, а само во изминатото деноноќие 209.  Потврдени се двајца заразени, еден во Битола и еден во Скопје. Скринингот во градинките почна на 13 мај и со него …

Само двајца позитивни на корона вирусот во градинките Read More »

Тачи: Зад „Албанската доброволна гарда“ стои Курти


Претседателот на Косово, Хашим Тачи е уверен дека наводното заканувачко соопштение од страна на досега непознатата организација, наречена „Албанска доброволна гарда“, упатено до вршителот на должност премиер на Косово, Албин Курти, е напишано токму од Курти во седиштето на неговата партија, Движењето Самоопределување (ВВ), јави дописникот на МИА од Приштина. Обвинувањата кон Курти дека „лажира“ …

Тачи: Зад „Албанската доброволна гарда“ стои Курти Read More »

Во изолација 103 припадници на полицијата, 14 позитивни


Откако беа дијагностицирани четири случаи на ковид-19 меѓу припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), дури 103 припадници на полицијата се ставени во изолација. Веста ја потврдија од МВР додавајќи дека од тестираните дури 14 биле позитивни на корона вирусот. Засега не е јасно како дошло до нивно инфицирање, но оваа  случка беше повод за …

Во изолација 103 припадници на полицијата, 14 позитивни Read More »

Во последен час ќе се решава за полицискиот час


Владата денеска треба да решава за предлогот поднесен од Комисијата за заразни болести полицискиот час за претстојниот викенд, кој е продолжен со два празника, да почне в сабота во 19 часот и да заврши во 5 часот во вторник. Причината, како што појасни министерот за здравство Венко Филипче, се должи на непочитувањето на мерките од …

Во последен час ќе се решава за полицискиот час Read More »

НАТО ќе го штити небото од Трамп


Амбасадорите на земјите членки на НАТО во Брисел закажаа за денеска попладне итен состанок откако САД најавија повлекување од меѓународниот договор „Отворено небо“, соопштија дипломатски извори. – Состанокот е закажан за денеска попладне, на кој ќе бидат анализирани последиците од одлуката која ја најави американскиот претседател Доналд Трамп, истакнувајќи дека Русија не го почитувала договорот …

НАТО ќе го штити небото од Трамп Read More »

За Грција Македонија е земја со добра епидемиолошка слика


Сигурно говориме за земји од нашето соседство, од овие земји ќе биде и полесно да дојдат туристи, вели министерот за туризам на Грција Харис Теохарис во однос на тоа кои ќе бидат првите туристи, за кои земјата ќе дозволи влез на 15 јуни, јави дописничката на МИА од Атина. Теохарис во интервјуто за грчката телевизија …

За Грција Македонија е земја со добра епидемиолошка слика Read More »

Полицискиот синдикат бара награда од 25.000 денари за секој во МВР


Македонскиот полициски синдикат бара од министерот за внатрешни работи да најде начин за да обезбеди парични средства за исплата на награда од најмалку 25.000 денари за сите вработени во Министерството за внатрешни работи. Во соопштението испратено до јавноста, Синдикатот посочува дека повеќепати досега побарале од министерот, поради посебен придонес во борбата со Ковид-19, на сите …

Полицискиот синдикат бара награда од 25.000 денари за секој во МВР Read More »

Анкета: Бајден во предност во однос на Трамп


Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден води со 11 проценти пред шефот на државата Доналд Трамп, во најновата анкета на Универзитетот Квинипек, која покажува дека Американците не ја одобруваат работата на актуелниот претседател во врска со спречувањето на епидемијата на Ковид-19 во САД. Според анкетата објавена синоќа, Бајден, кој е сѐ поизвесниот претседетателски кандидат од Демократската …

Анкета: Бајден во предност во однос на Трамп Read More »

Пребројување на пеликаните од Преспанско Езеро по повод Меѓународниот ден на биолошката разновидност


Со пребројување на пеликаните од Преспанското Езеро, Македонското еколошко друштво во соработка со Општина Ресен и Националниот парк „Галичица“ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на биолошката разновидност – 22 мај. Од МЕД информираат дека целта на одбележувањето е доближување на природните убавини на земјата. Посочуваат дека во текот на денот на социјалните мрежи ќе …

Пребројување на пеликаните од Преспанско Езеро по повод Меѓународниот ден на биолошката разновидност Read More »