Во изолација 103 припадници на полицијата, 14 позитивни


Откако беа дијагностицирани четири случаи на ковид-19 меѓу припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), дури 103 припадници на полицијата се ставени во изолација. Веста ја потврдија од МВР додавајќи дека од тестираните дури 14 биле позитивни на корона вирусот.

Засега не е јасно како дошло до нивно инфицирање, но оваа  случка беше повод за кавга меѓу министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која го обвини за неодговорност и некомпетенција, бидејќи случаите се откриени по прославата на Денот на полицијата во која учествуваше и оваа единица.

Меѓу изолираните има полицајци од Скопје, Тетово, но и од други градови.