Одбиено барањето за изземање на судиите од расправата по жалбите за пресудите за „27 април“


Судскиот совет на Апелацискиот суд го одби барањето на одбраната на дел од обвинетите за изземање на судиите Јани Нича, Енвер Беџети и Тања Дуковска од јавна расправа во овој суд по жалбите за пресудите за случувањата на 27 април. По одбивањето на барањето, јавната расправа, што ќе трае три дена, продолжи со читање на […]

Прилеп постави фотоволтаични системи за заштита на животната средина


Прилеп постави фотоволтаични системи на Градскиот пазар и на Дневниот центар за лица со церебрална парализа за заштита на животната средина и за заштеда на електрична енергија. Проекот во предност од преку 3,3 милиона денари е преку Пелагонискит плански регион, финансиран од Програмата за рамномерен регионален развој при Министерството за локална самоуправа. Фотоволтаичните системи со […]

Здружение на социјални работници на град Скопје отвори линија за помош за зависности од игри на среќа


Здружение на социјални работници на град Скопје во рамки на активностите „Не се клади со животот“, повикува сите кои имаат проблем со зависност од спортско обложување и останати игри на среќа да контактираат стручни лица преку линија за помош. – Доколку почувстувате дека имате проблем со зависност од спортско обложување и останати игри на среќа или […]

Во Хрватска трет ден нема новозаболени, дозволени се свадби


  Властите во Хрватска соопштија дека и денеска нема новозаболени од Ковид-19, па одлучиле да попуштат некои мерки, пренесе Index.hr. „Бројот на новозаболени во Хрватска во последните 24 часа е 0, па вкупниот број заболени изнесува 2.244“, се вели во соопштението. До сега тестирани се 64.266 лица, од кои  584 во последните 24 ласа. Во […]

Навивачите во Србија од понеделник можат на трибини


  Од 1 јуни, нашиот северен сосед, Србија, дозволи собири до 1.000 луѓе, откако решија да ги релаксираат мерките за заштита од корона вирусот. Епидемиологот Дарија Кисиќ Тешавчевиќ за Танјуг вели дека на седницата на Кризниот штаб со која претседавала премиерката Ана Брнабиќ, едногласно било одлучено да се релаксираат мерките во согласност со моменталната епидемиолошка […]

Битка за спас на воздушниот сообраќај: Авиокомпаниите до сега добиле 123 милијарди долари државна помош


Владите ширум светот досега издвоија 123 милијарди американски долари за да им помогнат на авиокомпаниите погодени од пандемијата на коронавирус, соопшти Меѓународно здружение за воздушен превоз (ИАТА). Притоа, 45 проценти од таа сума се состои од субвенции за исплата на плати, инвестиции во основен капитал и даночни олеснувања, а останатите 55 проценти се државни заеми […]

ЕЦДЦ: Затворањето граници не влијае многу за спречување на ширењето на вирусот


Затворањето на границите не придонесува многу во спречувањето на ширењето на епидемијата на новиот коронавирус, соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). Тие истакнаа дека мерките како што се тестирање на патниците пред поаѓање или мерење на температурата при пристигнување, генерално не се ефикасни. Во извештајот Европскиот центар за превенција и […]

Илјадници заштитни маски завршиле во море близу Сиднеј


Илјадници хируршки маски завршија на плажа во близина на Сиднеј, откако паднаа од карго-брод поради невреме. Голем товарен брод испловил од Кина кон Мелбурн. Поради лошото време, тој морал да го промени курсот и да се упати кон Бризбен. Сепак, поради силното невреме, околу 40 контејнери со стоки паднале во морето, јави Би Би Си.. […]

Економските зони се подготвуваат за нови инвеститори по корона кризата


Кој ќе создаде поповолни услови по завршувањето на здравствената криза таму ќе одат и инвеститорите, порача денеска премиерот Оливер Спасовски при увидот на градежните активности на Технолошки индистриски развојната зона – 2 (ТИРЗ-2) која се протега на 97 хектари и е втора по големина во нашата држава.   -Како Влада сме определени да направиме се […]

Разрешен поглаварот на ИВЗ, реисот Сулејман Реџепи


Неочекувано денеска е разрешен поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Сулејман Реџепи со одлука на Ријасетот на ИВЗ. Одлуката била донесена од мнозинството од две третини на муфтиите. „Едногласно донесовме одлука за разрешување на госпoдин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата претседател на Исламска верска заедница. Оваа одлука стапува на сила од моментот на донесувањето“, изјави […]

Глигор Ташковиќ вмешан во измамничка шема од 45 милиони долари за продажба на маски во Њујорк


Корона кризата стана поле и за милионски измами во областа на здравството, продажбата на лажни и вистински маски и друга здравствена опрема. „Њујорк тајмс“ објавува приказна за една таква измама во која е вклучен и поранешниот македонски министер за привлекување странски инвестиции во владата на Никола Груевски, Глигор Ташковиќ. Тој донеодамна беше и член на […]

Полицискиот час го прекршиле вкупно 4783 граѓани, 816 во моментов се во државен карантин


Од 22 март кога беше воведена, заклучно со денес вкупно 4783 граѓани не ја почитувале забраната за движење (полицискиот час), а од нив 3110 се приведени од полицијата. Досега од МВР вкупно се понесени 2630 кривични пријави за 3137 дела против 3412 сторители. Најголем дел од нив се од подрачјето на СВР Скопје и од […]

Нови 25 случаи на КОВИД-19, тројца починати


Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани нови 25 случаи на КОВИД-19, а три лица починале, двајца на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, пациент од Струга (58) и пациент од Скопје (47), како и еден во ГОБ „8 септември“, пациент од Тетово (41). Пациентите што починале на Инфективната клиника […]

Османи: Разликите за изборите не се големи, очекувам да најдеме заеднички јазик


Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, во интервју за „Независен“ оцени дека разликите меѓу партиите за датумот за одржување на изборите не се големи и тој очекува да се најде заеднички јазик. Според него, ќе биде многу штетно за државата, среде пандемија и економска криза произлезена од неа, да се соочи и со политичка криза. […]

Мицкоски: Постои канал на комуникација за изборите


Изгледа дека сепак ќе биде можно политичките партии да постигнат консензус околу датумот на одржување на предвремените избори. Барем таков впечаток може да се добие од денешната прес-конференцијата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога тој изјави дека „постои канал за комуникација околу преговорите кога да се оди на избори. „Јас денеска не би сакал […]

Филипче се сретна со семејството на донорката Динева


Утрово, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче се сретна со семејството на Емилија Динева и градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов. „На семејството им изразив најголема почит и благодарност за хуманоста која ја покажаа во нивните најтешки моменти. Тие дадоа надеж и шанса за живот на три семејства. Тие спасија три човечки животи. Поради […]

Министерството за економија ќе ја обжали одлуката на Управниот суд за „Еуромакс“


Министерството за економија ќе ја разгледа, но и ќе ја обжали одлуката на Управниот суд за „Еуромакс“ во други инстанци зашто е убедено во исправноста на раскинувањето на концесијата, соопшти денеска министерот Крешник Бектеши. Како што рече Бектеши, одлуката за раскинување на концесијата е согласно со законите и прописите на државата. -Пред неколку дена бев […]

ДКСК бара да се спроведе Законот за дивоградби на крајбрежјето на Охридското Езеро


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со дивоградбите на крајбрежјето на Охридското езеро, ги повикува Владата во соработка со надлежните институции, Министерството за транспорт и врски, Државниот градежен инспекторат, Министерството за животна средина и просторно планирање и Управата за заштита на културно наследство, да постапат согласно регулативата и да ја применат преку […]

Угостителите ќе работат до 20 часот, најмногу четири лица на една маса


Во врска со протоколите за кои угостителските објекти се жалат дека ги немаат се уште добиено, а од утре некои од нив треба да почнат со работа, министерот за економија Крешник Бектеши денес изјави дека владината одлука донесена вчера важи и се однесува само на оние што имаат тераси. Угостителите ќе можат да работат до […]

Стилистот на Ријана назначен за уметнички директор на оригинален француски бренд


Франција– Францускиот бренд „The Kooples “ го ангажираше стилистот на поп-ѕвездата Ријана, Том Ван Дорп, да биде нејзин нов уметнички директор. Белгиецот Ван Дорп ја започна својата кариера како моден уредник на V Magazine во Њујорк, и на таа позиција се задржа 12 години. Тој продолжи да работи како стилист и креативен консултант со брендови […]