Во Србија нови 25 заразени, еден почина


Во последните 24 часа почина едно лице во Србија, а потврдени се и 25 новозараени од корона вирус. Тестирани се 4.534 лица, а вкупно од почетокот на пандемијата 234.019. До сега регистрирани се 241 починати лица од Ковид-19, излечени се 6.438, а вкупно заразени 11.300.

Советот за безбедност ќе расправа во сабота за вонредната состојба


Советот за безбедност ќе заседава в сабота, кога е последниот од 14 дена што ги одреди претседателот Стево Пендаровски со третата одлука за прогласување вонредна состојба. Од кабинетот на Пендаровски потврдуваат за „360 степени“ дека претседателот ќе го свика Советот в сабота, независно од тоа дали ќе има ново барање од Владата за продолжување на …

Советот за безбедност ќе расправа во сабота за вонредната состојба Read More »

Хрватска ги отвори границите, Македонија надвор од списокот


Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, по одржувањето на седницата на Владата на Хрватска, го објавил списокот на земји чии граѓани ќе можат да влезат во Хрватска и кои нема да треба да ја наведат причината за нивното доаѓање. Станува збор за земји-членки на Европската унија: Словенија, Германија, Австрија, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Естонија, Латвија и …

Хрватска ги отвори границите, Македонија надвор од списокот Read More »

Штип: Два од четирите новозаболени се од истата текстилна фабрика


Општина Штип оствари комуникација со Министерството за здравство, со неколку сопственици на текстилни фабрики, со здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“, Клиничка Болница Штип и Центар за јавно здравје и капацитетите се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните. Според денешните податоци од Центар за јавно здравје на територија на Општина Штип има …

Штип: Два од четирите новозаболени се од истата текстилна фабрика Read More »

Интервју со Светозар Јаневски: Кризата е момент за освестување, потребна ни е национална стратегија за развој


Треба што поскоро да се разреши ваквата состојба и да се избере влада која ќе носи одлуки и решенија што ќе имаат подолгорочно дејство. Изборите треба да бидат час поскоро, вели во интервју за „Независен“ Светозар Јаневски, Претседател на Управниот одбор на Винарската визба „Тиквеш“ и партнер во „М6“   Мирче Јовановски Може слободно да …

Интервју со Светозар Јаневски: Кризата е момент за освестување, потребна ни е национална стратегија за развој Read More »

Полска помош за нашата земја како поддршка во борбата против Ковид-19


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, во улога на национален координатор на странска помош, а во присуство на полскиот амбасадор Војчех  Тицињски, денеска ја прими донацијата која Полска ја обезбеди за нашата земја како поддршка во борбата против Ковид-19. -Сакам да се заблагодарам во име на Владата до амбасадорот кој лично се заложи со …

Полска помош за нашата земја како поддршка во борбата против Ковид-19 Read More »

Ги вратија рестриктивните мерки откако се појави жариште на зараза


Денеска повторно се активирани низа рестриктивни мерки за борба против корона вирсуот во Јужна Кореа откако се појави жариште на зараза, што предизвика страв од нов бран епидемија. Во земјата денеска е регистриран најголем пораст на новозаразени од корона вирус по речиси два месеци, со жариште во еден магацин на компанија за интернет-продажба во близина …

Ги вратија рестриктивните мерки откако се појави жариште на зараза Read More »

Шекеринска: Избори час поскоро, ни треба држава со полн капацитет


Час поскоро и пред почетокот на летните месеци да ги организираме изборите кои треба да овозможат функционирање на државата и институциите со целосен капацитет, порача денеска министерката за одбрана и потпретседател на СДСМ, Радмила Шекеринска. – Мојот став е дека избори треба да организираме час поскоро затоа што ни треба држава и институции со полн …

Шекеринска: Избори час поскоро, ни треба држава со полн капацитет Read More »

Од 24 случаи во Скопје, седум се од Сарај


Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за МИА од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје 24-те заболени во Скопје се од Бутел-4, Сарај-7, Чаир-3, Аеродром-3, Студеничани-2, Гази Баба-1, Шуто Оризари-2, Кисела Вода-1 и Карпош-1.

СКТМ: Ќе се затворат 800 туристички агенции и туроператори ако бидат изземени од „ваучерите за домашен туризам“


Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) ја поздравува владината мерка „Ваучер за домашен туризам“, но искажува загриженост ако од нејзината реализација бидат изземени туристичките агенции, односно ако мерката директно се спроведе со сместувачките капапацитети. На овој начин, оценува Комората, Владата придонесува да се затворат 800 туристички агенции и туроператори кои се подготвени за аранжманите …

СКТМ: Ќе се затворат 800 туристички агенции и туроператори ако бидат изземени од „ваучерите за домашен туризам“ Read More »

Чулев негира дека ги претплатил ремените за полицијата


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев коментирајќи ги денешните обвинувања од Независниот синдикат на полицијата дека биле набавени 600 ремени за сума од 300 илјади евра рече дека се работи за неточна информација. – Нека проверат сите медиуми и јавноста, сите набавки се јавни. Ние и писмено ќе ви доставиме доколку побарате. Се работи за …

Чулев негира дека ги претплатил ремените за полицијата Read More »

Спасовски: Компромис со Уставот нема да правиме


Компромис со Уставот нема. Уставот е јасен дека во рок од 60 дена од распуштање на Собранието треба да се одржат парламентарните избори, рече денеска премиерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Карбинци. – Ако имаме потреба врз основа на анализите дека треба да се прогласи вонредна состојба уште некој ден за …

Спасовски: Компромис со Уставот нема да правиме Read More »

Инспекторите нема да ги легитимираат гостите во кафеаните


Инспекторите нема да ги легитимираат гостите во кафеаните и да им бараат лични карти за да проверат дали се од исто семејство, соопшти денес на прес конференција директорот на Државен пазарен инспекторат Стојко Пауновски, во одговор на новинарско прашање како ќе се спроведуваат протоколите во угостителските објекти. „Контролата е насочена на кафетериите и оние кои …

Инспекторите нема да ги легитимираат гостите во кафеаните Read More »

Спасовски: Наскоро очекувам договор и одлука за отворање на границите во регионот


Премиерот Оливер Спасовски очекува земјите од регионот наскоро да постигнат договор и да донесат одлука за отворање на границите. Спасовски додаде дека е во постојана комуникација со своите колеги од соседните држави со кои, како што истакна, се разговара за отворање на границите. – Неодамна напоменав дека одржавме и една конференција која имаше за главна …

Спасовски: Наскоро очекувам договор и одлука за отворање на границите во регионот Read More »

Се поднесуваат пријави за учесниците во литијата во Струга, постапката се уште не е комплетирана


Лицата учесници во литијата во Струга се повикуваат на информативен разговор и им се поднесуваат соодветни поднесоци од јавното обвинителство, информира денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. – Секторот за внатрешни работи во Охрид работи во координација со јавното обвинителство, се идентификуваат лицата, повикуваат, се поднесуваат кривични пријави и соодветни поднесоци во обвинителството. Се …

Се поднесуваат пријави за учесниците во литијата во Струга, постапката се уште не е комплетирана Read More »

Нови 38 случаи на Ковид -19, тројца починати


Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 38 нови лица позитивни на коронавирусот и 16 оздравени пациенти. Во овој период починале два лица, а кај третото корона вирусот бил откриен посмртно. – Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-1, Прилеп-4, Велес-9, Битола-1. Починаа двајца пациенти од Тетово. …

Нови 38 случаи на Ковид -19, тројца починати Read More »

Сугарески: Се работи на автопатот Кичево-Охрид, наесен ќе бидат пуштени првите километри


На автопатот Кичево-Охрид се работи и дел од километрите наесен ќе бидат пуштени, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Општина Ѓорче Петров. Сугарески информираше и дека изминатиот период се работело на подготвителни активности за обнова на делницата Ќафасан – Струга. – Тоа е една од …

Сугарески: Се работи на автопатот Кичево-Охрид, наесен ќе бидат пуштени првите километри Read More »

Нинџа: Ми се заканија лица кои беа во придружба на ќерката на Чавков


Александар Василевски – Нинџа, утрово пред почетокот на јавната седница во Апелацискиот суд за случајот „27 април“, им кажа на судиите дека лица кои биле пред судската зграда во придружба на ќерката на Митко Чавков, му се заканувале, објави „360 степени“. „Сакам да ве известам дека утрово додека ме спроведуваа од притвор при влез во …

Нинџа: Ми се заканија лица кои беа во придружба на ќерката на Чавков Read More »

Џонсон во јуни во Брисел ќе ги продолжи преговорите за Брегзит


Британскиот премиер Борис Џонсон следниот месец ќе отпатува за Брисел, каде ќе ги продолжи преговорите за Брегзит, објави лондонскиот весник Тајмс. Британскиот преговарач за односите со ЕУ, Дејвид Фрост изјави дека Џонсон ќе се сретне со претседателите на Европска комисија и со Советот на ЕУ, со цел официјално да се процени сосотојбата во која се …

Џонсон во јуни во Брисел ќе ги продолжи преговорите за Брегзит Read More »