Заразата со корона вирусот во Италија уште е во пикот – денеска 636 починати


Пандемијата со корона вирусот во Италија сѐ уште во пикот, иако е стабилна. Податоците на Цивилната заштита од денеска се дека од почетокот на епидемијата најмалку 132.547 лица се заразиле со вирусот (+3.599 повеќе од вчера, што е раст од 2,8 отсто). Од нив, починале 16.523 (денешната бројка е 636) а 22.837 се отпуштени како […]

Производството на возила во Кина ќе се намали за 11,5 отсто оваа година


Производството на лесни возила во Кина ќе се намали за 11,5 отсто оваа година, односно ќе бидат произведени 21,6 милиони возила, проценува истражувачката фирма „ИХС Маркит“. Како што јавува „Ројтерс“, за наредната година се предвидува закрепнување на производството за 7,5 отсто. Производството и побарувачката на возила беше погодено низ целиот свет поради бројните ограничувања што […]

Папата Франциск формира итен фонд за помош на земјите во развој


Италија– Папата Франциск формира итен фонд за помош на подрачјата зафатени со коронавирусот во земјите во развој, соопшти денеска Ватикан. Во соопштението се наведува дека папата одредил 750.000 долари од средствата што му се на располагање како почетен придонес во фондот, пренесоа британските медиуми. Папата ги замоли црковните ентитети и епархии да дадат свој придонес во […]

Личните карти и пасошите со изминат рок ќе важат додека трае вонредната состојба


Личните документи (лични карти и пасоши) на кои им истекол рокот ќе имаат продолжено важење за времетраење на вонредната состојба воведена поради коронавирусот. За продолжување на важноста Владата донесе уредба која има сила на закон, потсети премиерот Оливер Спасовски во врска со прашањата од граѓани кои имаат истечени документи или закажани термини за вадење нови, […]

Мајката на Пеп Гвардиола ја загуби битката со коронавирусот


Шпанија– Мајката на Пеп Гвардиола ја загуби битката со коронавирусот. Тажната вест ја соопшти Манчестер сити на својот Твитер налог. Долорес Сала Карио почина во Манреса, Барселона, во 82. година од животот. „Најискрено сочувство до Пеп, неговото семејство и пријателите“, стои во дополнителната порака на актуелниот англиски шампион.

Мурашко: Лекот против маларија е ефикасен, но не 100 отсто


Лековите против маларија докажаа дека се ефикасни  во лекувањето на инфекциите предизвикани од  коронавирусот, но не се 100 отсто, изјави денеска рускиот министер за здрвство Михаил Мурашко. -Лековите против маларија покажаа дека се доволно ефиканси, но не се лекови кои спасуваат животи во сите ситуации,  рече Мурашко во интервју за програмата „Познер“ на руската телевизија […]

НЛБ Банка донираше 50 илјади евра за здравството


НЛБ Банка ад Скопје реализираше донација од 50 илјади евра, како првична парична помош за поддршка во напорите на надлежните институции во справување со состојбата со Ковид -19. -Дел од средствата од донацијата, односно 20.000 евра се искористени за набавка на медицински кревети за ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, […]

(Галерија) Со сонцето стигнаа и новите мерки


По снег и дожд, Скопје денес го огреа сонце, а стабилното време со температури околу 20-от степен ќе се задржи во текот на целата недела. Со топлото време кое ги извади Скопјани надвор и покрај апелите да се остане дома, стигнаа и новите мерки со цел да се успори ширењето на вирусот. Од среда 8 […]

Владата не знае до кога ќе траат мерките


 Владата врз основа на сите анализи развива стратегии и сценарија што значат и краткорочно и долгорочно планирање. Краткорочни се оние што ги носиме и се, пред се, детерминирани од одредени состојби во одреден момент, одговори премиерот Оливер Спасовски на новинарското прашање дали се размислува за излезна стратегија од актуелната криза со оглед на тоа што […]

ЕУ ќе му даде на Косово помош од 160 милиони евра


Шефицата на Канцеларијата на Еропската унија во Приштина Наталија Апостолова најави дека Косово може да очекува помош од Брисел за справување со епидемијата на Ковид-19 во висина од 160 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на Твитер по денешните разговори со косовската министерка за економија Розета Хајдари и министерот за финансии […]

Славната писателка Џ.К.Роулинг имала симптоми на Ковид-19 ама не се тестирала  


Англија- Џ.К.Роулинг, авторката на бестселерот  „Хари Потер“ откри дека во последните две недели страдала од „сите симптоми“ на Ковид -19 ,  иако не се тестирала за коронавирус. Писателката ја сподели веста преку својот профил на Твитер, и објави видео во кое има совети како да се надминат респираторните симптоми следејќи ги препораките на нејзиниот сопруг […]

Дијагностициран коронавирус кај 18 деца до девет години


Според статистиката на Институтот за јавно здравје, 18 деца до девет годишна возраст се дијагностицирани со коронавирисот, кај сите нив клиничката слика е лесна и немало потреба од подолга хоспитализација, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција. Министерот, меѓу останатото, информираше дека на Гинеколошко акушерската клиника се тестираат […]

Русија не се откажува од парадата за Денот на победата на 9 мај


Русија одржува проби за парадата за Денот на победата, закажана за 9 мај и покрај кризата со корона вирусот, бидејќи Кремљ се спротивставува на откажување на патриотскиот празник со поголемо политичко значење. Рускиот претседател Владимир Путин треба да биде домаќин на францускиот Емануел Макрон и други светски лидери на воената парада за одбележување на 75-годишнината […]

Уште 14 дена самоизолација за граѓаните по државниот карантин


Препораките кои се од стручни луѓе од епидемиолозите е дека лицата кои доаѓаат од странство треба да останат во државен карантин 14 дена, меѓутоа треба дополнително да бидат во самоизолација во домашни услови уште 14 дена од едноставна причина – заради тоа што биле во колективни центри за државен карантин. Ова е одговорот од премиерот […]

Земјоделците ќе можат да работат во атарот на своето село


Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површини и на фармите, кои се наоѓаат во атарот на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење и покрај новата уредба со која полицискиот час од среда ќе […]

Најмногу заболени повторно во Куманово


Регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во земјава, по градови: Скопје – 4, Куманово – 8, Тетово – 1, Струга – 1 и Штип – 1. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 570 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти. Почина пациент од Кочани […]

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 23 години затвор


Словачка – Словачкиот суд го осуди поранешниот војник Мирослав Марчек на 23 години затвор поради убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница Мартина Кушнирова во февруари 2018 година. Триесет и седум годишниот Марчек не присуствувал на изрекувањето на пресудата, но претходно призна дека е виновен. Убиството на Куцијак поттикна протести низ целата држава и […]

За лицата над 67 години и за младите до 18 години по два часа дневно движење


Од среда 8 април 2020 година полицискиот час наместо во 21 часот како што беше случај досега, ќе почнува во 16 часот и ќе трае до пет часот наутро, на целата територијата на Република Северна Македонија. За време на викендот се забранува движење за сите граѓани од петок од 16 часот до 05 часот во […]

Д-р Микиќ: Рестриктивните мерки се неопходни


Рестриктивните мерки на движење за граѓаните кои се воведуваат од среда, според д-р Владимир Микиќ, претставник од Институтот за јавно здравје, се едноставно неопходни за да се спречи натамошно ширење на корона вирусот. -Знам дека рестриктивните мерки секако ќе се примат со доза на недоверба кај одреден дел од граѓани, но едноставно се неопходни. Во […]

НОБ ќе емитува оперски и балетски претстави на „јутјуб“


Националната опера и балет информира дека од утре со почеток во 20.00 часот, на нејзиниот официјален „јутјуб“ канал ќе емитува оперски и балетски претстави. Секој вторник ќе биде резервиран за балетската уметност додека секој петок ќе биде термин за љубителите на оперската уметност. За оваа цел ќе ја користиме алатката на јутјуб премиера која ќе […]