Заразата со корона вирусот во Италија уште е во пикот – денеска 636 починати


Пандемијата со корона вирусот во Италија сѐ уште во пикот, иако е стабилна. Податоците на Цивилната заштита од денеска се дека од почетокот на епидемијата најмалку 132.547 лица се заразиле со вирусот (+3.599 повеќе од вчера, што е раст од 2,8 отсто). Од нив, починале 16.523 (денешната бројка е 636) а 22.837 се отпуштени како излекувани (денеска 1.022). Во моментов има 93.187 позитивни лица.

Постојат 28.976 пациенти хоспитализирани со симптоми; 3.898 (79 помалку) се на интензивна нега, додека 60,313 се наоѓаат во приватна изолација.