Мајката на Пеп Гвардиола ја загуби битката со коронавирусот


Шпанија– Мајката на Пеп Гвардиола ја загуби битката со коронавирусот. Тажната вест ја соопшти Манчестер сити на својот Твитер налог.
Долорес Сала Карио почина во Манреса, Барселона, во 82. година од животот.
„Најискрено сочувство до Пеп, неговото семејство и пријателите“, стои во дополнителната порака на актуелниот англиски шампион.