Славната писателка Џ.К.Роулинг имала симптоми на Ковид-19 ама не се тестирала  

Англија- Џ.К.Роулинг, авторката на бестселерот  „Хари Потер“ откри дека во последните две недели страдала од „сите симптоми“ на Ковид -19 ,  иако не се тестирала за коронавирус.

Писателката ја сподели веста преку својот профил на Твитер, и објави видео во кое има совети како да се надминат респираторните симптоми следејќи ги препораките на нејзиниот сопруг Нил Мареј, кој е инаку, лекар. Таа додаде дека „целосно се опоравила“.

Минатата недела Роулинг, една од најбогатите во својата фела,  го промовираше онлајн центарот  „Хари Потер дома“ кој се базира на нејзините книги со детето-волшебник.