Русија не се откажува од парадата за Денот на победата на 9 мај


Тенкови Т-34 за време на пробите во Алабино (фото: ТАСС)

Русија одржува проби за парадата за Денот на победата, закажана за 9 мај и покрај кризата со корона вирусот, бидејќи Кремљ се спротивставува на откажување на патриотскиот празник со поголемо политичко значење.

Рускиот претседател Владимир Путин треба да биде домаќин на францускиот Емануел Макрон и други светски лидери на воената парада за одбележување на 75-годишнината од крајот на Втората светска војна. Настанот е значајно историско обележје за Русија и посакувана фото-можност да се тврди дека Путин се појавил од политичката изолација на западот.

Но, со 12 милиони московјани ограничени на своите станови во самоизолација, подготовките за парадата предизвикаа загриженост во Русија.

На протеченото видео има прикажано до 15.000 војници кои се поставени на парада надвор од Москва, каде Министерството за одбрана на Русија потврди дека одржува проби за настанот.

„Колку луѓе има, 15.000? Ебате, и тие рекоа дека повеќе од 50 не треба да се соберат на едно место. Ниту една ебена маска“, вели еден глас на видеото, кое било снимено анонимно.

Пребојосаните тенкови Т-34 исто така се снимени како изведуваат маневри за парадата на теренот во Алабино, каде властите велат дека изградиле идентичен модел на Црвениот плоштад.

Јавниот обвинител на Русија ја цензурираше веб-страницата за вести која пишуваше дека парадата може да биде откажана во еден руски регион заради корона вирусот, велејќи дека написот ги прекршил прописите за лажни вести.

„9 Мај е светиот датум за милиони и милиони во Русија и во земјите на ЗНД“, пишува Министерството за надворешни работи на Твитер. „Парадата за Денот на победата е закажана (преземени санитарни мерки) и ќе се маршира на Црвениот плоштад“.

Опозицискиот лидер Алексеј Навални го осуди, како што рече, тој „идиотизам“ на министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, да продолжи со пробите, нарекувајќи ги групите војниците потенцијален „терен за одгледување на корона вирусот“.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека презема мерки на претпазливост за да се обезбеди безбедноста на војниците, вклучително и редовни проверки на температурата. „Сите членови на пробите горат со желба да учествуваат во овој историски настан и го тренираат срцето“, рече Игор Конашенков, портпарол на министерството.

Вирусот предизвика хаос во важна политичка сезона во Русија. Путин веќе го одложи симболичкото народно гласање за уставните измени што ќе му овозможат да се кандидира за уште два мандати за претседател, потенцијално да владее до 2036 година. Големиот деловен форум во Санкт Петербург закажан за јуни, исто така, откажан.  (Според агенциите)