Во Србија седум нови смртни случаи, вкупно заразени 2.200 лица


Во Србија во изминативе 24 часа регистриран се седум нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати се искачи на 58 лица, јави дописникот на МИА од Белград. Од седумте починатите тројца се мажи и четири жени со просечна старост од 64,5 години, или досега починати се 42 лица од машкиот поли и 16 […]

ССМ предага неискористениот одмор за 2019 и дел од одморот за 2020 да се искористат во април


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) предлага неискористениот годишен одмор за 2019 година и делот од годишниот одмор за 2020 година да се искористат во април кога се очекува пикот на коронавирусот и на тој начин да се заштитат работниците и заеднички сите да придонесеме кон спречување на ширењето на вирусот. – Поаѓајки од фактот […]

Тројца починати и 15 нови случаи на заразени од корона вирус


На Инфективната клиника во текот на последните 24 часа починати се тројца пациенти, еден од Кочани и двајца од Тетово, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Како што соопшти тој, пациентот од Кочани на возраст од 40 години бил примен во болница на 29 март без заболување, вториот починат пациент од Тетово […]

(ВИДЕО) Премиерот Спасовски ги најави новите радикални мерки


Премиерот Оливер Спасовски ја потвди информацијата дека на целата територија на земјата се воведува тотален полициски час во текот на викендите, дека тоа ќе се однесува и за  Велигден кој ќе се слави од дома и дека се скратува времето за слободно движење во текот на работните денови – место од 21 часот како досега, […]

Прилепската чаршија бара нов сет мерки од Владата


Дуќанџиите, малите трговци и претприемачи од Прилепската чаршија бараат нов сет мерки од Владата без ограничувања. Сегашните не им помагаат и можат комплетно да затворат околу 700 дуќанџии во Прилеп. Според Мариче Најдоска, сопственик на трговски дуќан, со воведувањето на вонредната ситуација, дуќаните речиси затворија. Дел работодавци испуштија вработени. – Сетот мерки што ги донесе […]

На бројот 02-324-8040 јавете се за информации за користење на економските мерки


Владата ја отвори телефонската линија 02 324-8040 на која фирмите и граѓаните ќе може да побараат информации за економските мерки за справување со кризата предизвикана од корона вирусот. Со јавување на телефонскиот број  ќе се добиваат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки. […]

Двајца починати од коронавирус во Тетово, еден нов заразен, вкупно 30


Кризниот штаб при општина Тетово денеска информираше дека починале двајца граѓани, жители на градот кои претходно биле заразени со коронавирусот, со што бројката на смртни случаи со претходниот од Пирок, општина Боговиње се искачи на три. Воедно од тестовите направени од Институтот за јавно здравје, евидентиран е еден нов случај на заболен од КОВИД-19, или […]

Починатата мајка на сопругата на Пендаровски немала корона вирус


Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информира дека резултатите од спроведен постхумен тест за коронавирус од мајката на сопругата на претседателот се негативни. „Брисот беше земен посмртно, откако г-ѓа Ѓоргиевска (71) почина вчера на Клиниката за пулмологија во Скопје, како резултат на влошување на општата здравствена состојба предизвикана од хронична болест, поради која повеќе од една […]

Во стан во Велес пронајдени мртви мајка и син


Полицијата денеска во 11 часот пронашла две мртви тела на мајка и син во стан на улица „Ѓорѓи Војтех“ во близина на градинката кај „Жаба зграда“, откако соседите телефонски пријавиле во СВР Велес. – Полицијата ги повикала пожарникарите од ТППЕ Велес да влезат во станот. Екипа на СВР Велес влегла,а смрт кај две лица констатирала […]

(Во живо) Заедничка прес-конференција на Спасовски, Филипче и д-р Микиќ


Во 15.30 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје ќе одржат прес-конференција. Проследете ја во живо:

Белгиски научници истражуваат дали лековите за реума се ефикасни против Ковид-19


Девет научни центри во Белгија од денеска започнуваат со студија на лекови за реума во борбата против новиот коронавирус, Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел. Целта на истражувањето е да се утврди дали овие лекови ја забавуваат инфламаторната реакција која произлегува од инфекцијата со Ковид-19. Според научниците, околу  дваесет отсто од заразените претставуваат тешки […]

Потврдени 12 случаи на вработени во МВР позитивни на Ковид-19


Во МВР до денеска потврдени се 12 случаи на вработени позитивни на Ковид -19, 36 лица се во самоизолација, а издадени се  и 14 наредби за изолација на лица, информираат од министерството. – Изминатиов период беше извршена  и дезинфекција во просториите и објектите каде е утврдено дека престојувале вработени лица за кои е потврдено дека […]

САД ќе ни дадат над милион долари за справување со епидемијата


Американската влада одвои 1,1 милиони долари за спречување на ширењето на епидемијата на КОВИД-19 во Северна Македонија, соопшти Амбасадата на САД во Скопје. Преку УСАИД, САД ги обезбедува овие пари за СЗО и УНИЦЕФ да имплементираат активности за поддршка на напорите на земјата да одговори на КОВИД-19. УСАИД се координира со македонската влада, меѓународните хуманитарни […]

Во Кочани почина лице заразено од ковид-19


На клиниките во Скопје почина 40-годишен маж од Кочани заразен од коронавирусот, потврдија општинските власти. Починатиот бил фризер и во контакт со повеќе лица во градот. Вчера општина Кочани ги повика граѓаните сами да се пријавуваат ако имаат симптоми. Семејството, кое е во изолација, побарало помош од општината, бидејќи најблиските на починатиот не смеат да […]

Се зголемува поддршката од компаниите за пошироката заедница


Повеќе компании изминативе денови ја искажаа својата општествена одговорност и на разни начини помогнаа пошироката заедница полесно да се справува во овие тешки моменти, рече во дневното обраќање Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања. Тој додаде дека многу од компаниите одговориле позитивно на апелот што го […]

Нова мерка: Нема излегување од дома во викенд


Од среда на целата територија на нашата држава стапува во сила полициски час со кој движењето ќе биде ограничено од 16 до 5 часот. Преку викендите, полицискиот час ќе биде во сила нон-стоп, односно 24 часа. Веста ја потврди вицепремиерот за евроинтеграција Бујар Османи, пред да излезе со соопштение Владата. Според него, кризните мерки во […]

Следната недела ќе биде нов „11 Септември“ за Американците


 Шефот на американската Служба за јавно здравје на САД, Џером Адамс денеска го спореди терористичкиот напад на 11 септември 2001 година и нападот на Перл Харбор со она што очекува Американците да го сторат во следната недела за борба против епидемијата на коронавирусот. Тој истакна дека тоа ќе биде најтешкиот момент во животот за многу […]

На Клиниката за инфективни болести нема незаштитени лекари


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера извршил вонреден инспекциски надзор во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и притоа не се констатирани никакви недостатоци. Вонредниот надзор ДЗСИ го направил во согласност со заклучоците на Главниот координативен кризен штаб за почитување и примена на протоколите и препораките за употреба на лична заштитна опрема (ЛЗО) […]

Пуштен во употреба контакт центарот за КОВИД-19


Владата денес го пушти во употреба првиот контакт центар наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од КОВИД-19. Компаниите и физичките лица со јавување на телефонскиот број 02/324-8040 ќе ги добиваат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење […]

Корона вирусот ја освои и Африка – од 54 земји дури во 51 има случаи


Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Африка, достигна 9.198 лица. Од Ковид-19, на тој континент, досега починаа 414 луѓе, а 813 се опоравиле, соопшти денеска Африканската унија. Од 54 држави на континентот, случаи на Ковид-19 пријавиле 51 земја. Најмногу случаи има во Јужноафриканската република, со 1655 заразени и 95 смртни случаи, а по неа […]