Нова мерка: Нема излегување од дома во викенд


Пред полициски час

Од среда на целата територија на нашата држава стапува во сила полициски час со кој движењето ќе биде ограничено од 16 до 5 часот.

Преку викендите, полицискиот час ќе биде во сила нон-стоп, односно 24 часа.

Веста ја потврди вицепремиерот за евроинтеграција Бујар Османи, пред да излезе со соопштение Владата. Според него, кризните мерки во цела Македонија сега ќе бидат како во Куманово.