Во Кочани почина лице заразено од ковид-19


На клиниките во Скопје почина 40-годишен маж од Кочани заразен од коронавирусот, потврдија општинските власти.

Починатиот бил фризер и во контакт со повеќе лица во градот. Вчера општина Кочани ги повика граѓаните сами да се пријавуваат ако имаат симптоми.

Семејството, кое е во изолација, побарало помош од општината, бидејќи најблиските на починатиот не смеат да излегуваат од дома.

Општина Кочани најави дека ќе го организира транспортот на телото од Скопје до Кочани, додека погребот ќе се одржи според препораките, без трационалните погребни обичаи.