Тројца починати и 15 нови случаи на заразени од корона вирус


Фото: Б. Грданоски
На Инфективната клиника во текот на последните 24 часа починати се тројца пациенти, еден од Кочани и двајца од Тетово, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
Како што соопшти тој, пациентот од Кочани на возраст од 40 години бил примен во болница на 29 март без заболување, вториот починат пациент од Тетово е на 69-годишна возраст  со тумор на мозок, а третиот починат пациент е на возраст од 65 години, исто така од Тетово без други минати заболување.
Од болница заминуваат четворица оздравени пациенти.
Од Дебар стигнаа резултати за тројца пациенти, кои се оздравени, и немаат корона вирус.

На Инфективната клиника има примено 10 нови пациенти, вкупно 70, од кои осум се на механичка вентилација, а десет се со потешка клиничка слика.
Во болницата „8 септември“, четири пациенти примени за кои се чекаат резултати.  
Во Битола еден хоспитализиран, дојден од Охрид каде претходно бил во болница, откако Битола е прогласен за регионален центар за прием на заразени со корона вирус.
Во Штип има четворица пациенти со лесна клиничка
Во последното деноноќие забележани се 15 нови случаи, со што вкупната бројка е 570 заразени лица.
Филипче појасни дека намалениот број новодијагностицирани се должи на тоа што е викенд и што пунктовите за тестирање работат со намален капацитет, а од денеска продолжуваат со целосен капацитет.