САД ќе ни дадат над милион долари за справување со епидемијата


Амбасадорката Кејт Брнс

Американската влада одвои 1,1 милиони долари за спречување на ширењето на епидемијата на КОВИД-19 во Северна Македонија, соопшти Амбасадата на САД во Скопје.

Преку УСАИД, САД ги обезбедува овие пари за СЗО и УНИЦЕФ да имплементираат активности за поддршка на напорите на земјата да одговори на КОВИД-19.

УСАИД се координира со македонската влада, меѓународните хуманитарни фактори и други чинители да ги идентификува приоритетните области за инвестиција.

„Во овој период на неизвесност, работењето заедно е поважно од кога било. Јас сум убедена дека поддршката обезбедена со овој пакет за помош ќе има значителен придонес во борбата на Северна Македонија против КОВИД-19“, вели амбасадорката Кејт Брнс.