Изминатото деноноќие 41 лице не го почитувале полицискиот час


Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот 6 и 7 април, по однос на забраната за движење евидентирано е дека 41 лице не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 22 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштија од МВР. Исто така, според […]

МТСП: Паричен надоместок за прекин на работен однос согласно работниот стаж,


Министерството за труд и социјална политика информира дека граѓаните со прекин на работен однос, имаат право на паричен надоместок во висина од 50 отсто од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци. Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со […]

Почина Хонор Блекмен, девојката на Бонд од „Златниот пиштол“


Англија- Актерката со најубавите сини очи Хонор Блекмен, најпозната како Пуси Гелор во „Златниот пиштол“ (Goldfinger), почина на 94-годишна возраст. „Со голема тага е што мораме да ја објавиме смртта на Хонор Блекмен на возраст од 94 години. Таа почина мирно од природни причини во нејзиниот дом во Луис, Сасекс, опкружена со семејството “, објави […]

Архивата на АВМУ од утре ќе рабoти од девет до 14 часот


Согласно донесената одлука на Владата, за забрана и посебен режим на движење на населението (полициски час) на целата територија на државата, архивата на Агенцијата за аудио и аудуовизуелни медиумски услуги почнувајќи од утре, ќе работи со изменето работно време од 09:00 до 14:00 часот. -Како и во изминатиот период, сите субјекти, правни и физички лица, […]

(Во живо) Прес на инспекцискиот совет


Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, заедно со Стојко Пауновски – Директор на Државен пазарен инспекторат, Иринка Сотирова – Директорка на Државен санитарен и здравствен инспекторат, Висаре Риза – Агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Аљадин Хавзиу – Директор на Државен инспекторат за труд, Руфат Хусеини – Директор на државен инспекторат за транспорт и […]

Митов: Одлично се држиме


Успешноста на Германците во здравствениот систем се огледа во контролирањето на смртноста. Се смета дека многу добро постапија во делот на интензивната нега. Некогаш ако треба и порано го ставаат пациентот на вентилатори со цел целата болест да има подобар тек. Тука мора да се спомне и генералната дисциплина на населението, изјави за „Утрински брифинг“ […]

Полицајците ќе им ја носат пензијата на старците во Италија


Италијанските полицајци ќе им ги доставуваат пензиите на граѓаните кои имаат 75 и повеќе години во текот на епидемијата со Ковид-19 во земјата, за на тој начин да ја заштитат од заразата оваа најранлива категорија Италијанци во екот на пандемијата. Како што пренесоа италијанските медиуми, карабињерите и „Пошта на Италија“ постигнале „историски договор“ за новиот […]

Инспектори ќе откриваат кој фрлил отпад на главната улица во Ѓорче Петров


Вчера во попладневните часови денеска, непознати лица исфрлиле огромен број документи на главната улица во скопската општина Ѓорче Петров. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје веднаш интервенирале на терен и ги подигнале  расфрланите отпадоци што ќе бидат доставени до Инспекторатот на Градот Скопје, со цел навремено да се откријат и санкционираат прекршителите на Законот за јавна […]

„Самсунг“ пријави раст на приходите во време на корона вирус


  Компанијата „Самсунг“ е меѓу првите светски гиганти кои за време на пандемија од корона вирус ги зголеми приходите. Исто така, фирмата речиси остана непогодена од новата ситуација во светот, пишува The Verge. Во соопштението објавено денеска, приходите во првото тромеселие изнесуваа 44,9 mмилијарди долари, што претставува пораст од пет отсто во однос на истиот […]

Данска ќе го напушта карантинот


Данска планира да олесни дел од карантинските мерки наметнати поради новиот  коронавирус. – Јаслите и градинките ќе продолжат со работа од 15 април. Учениците од прво до петто одделение ќе се вратат во училниците, рече синоќа премиерката Мете Фредериксен, што е „прва претпазлива фаза” за враќање на земјата во нормално функционирање. – Сепак, Данците мора […]

Борис Џонсон добил кислород, но не е на респиратор


Нема промени во здравствената состојба на британскиот премиер Борис Џонсон, изјавија двајца извори, блиски до шефот на британската Влада, откако синоќа тој беше преместен на Одделот за интензивна нега во болницата „Свети Томас“ по влошувањето на симптомите од коронавирусот. „Даунингстрит“ 10 информира дека Џонсон добил кислород, а бил хоспитализиран како мерка на претпазливост по влошувањето […]

Министрите од ЕЗ со фокус на брзи инструменти за помош на економијата


Министрите за финансии во еврозоната, се очекува денеска да се обединат околу три брзи механизми за да и помогнат на економијата во момент на пандемијата на новиот корона вирус. Во исто време, се водат и дискусии за идеи за долгорочни алатки за помош за обновување. На 26 март, европските лидери побараа од министрите да излезат […]

Шпански бизнисмен осомничен за кражба на два милиона заштитни маски


Шпански бизнисмен е осомничен за кражба на здравствен и санитетски материјал. Тој, наводно, го продавал истиот на компанија во соседна земја. Полицијата вчера го уапсила осомничениот во градот Сантијаго де Компостела, северна Шпанија. Меѓу запленетата стока имало и два милиона заштитни маски, украдени од тамошната компанија којашто се занимава со производство на здравствен материјал. Вкупната […]

Австрија ќе ја тужат 2.500 туристи поради зараза со корона вирусот во скијачки центар


Австрија се соочува со групна тужба од околу 2.500 туристи, поради лошиот пристап за време на пандемија на коронавирусот, во популарниот австриски скијачки центар Ишгл во Тирол, пишува Си-ен-ен. Скијачкиот центар Ишгл е веќе под истрага од локалните власти во Инсбрук, откако стотици случаи биле поврзани токму со тој скијачки центар. Властите не ја сфатиле […]

Трамп потпиша декрет за искористување ресурси од Месечината


Претседателот на САД Доналд Трамп потпиша указ со кој се поддржува употребата на ресурси од Месечината и другите небесни тела. Според Указот, „Американците треба да имаат право да спроведат комерцијално истражување, вадење и употреба на ресурси во согласност со важечките закони“. Од правна и физичка гледна точка, вселенскиот простор е уникатно пространство за човечка активност […]

Италија со уште 400 милијарди евра ќе им помага на фирмите погодени од корона кризата 


Италијанската Влада синоќа донесе одлука за деблокирање на  400 милијарди евра за да им се помогне на деловните субјекти да се справат со епидемијата на коронавирусот. Средствата ќе бидат наменети за сите фирми – големи, средни и мали. – Двеста милијарди ќе бидат наменети за внатрешниот пазар и 200 милијарди ќе бидат наменети за поддршка […]

Кина без смртен случај од Ковид-19 во последните 24 часа


Во последните 24 часа во Кина не е евидентиран смртен случај од Ковид-19, што е првпат од почетокот на објавување на статистичките податоци. Новите случаи на зараза во Кина се намалија во однос на претходниот месец. Сепак, земјата се соочува со втор бран случаи на инфекција донесена од странство, што според здравствените власти достигна околу […]

Од утре нови мерки за ограничено движење


Потврден коронавирус има кај 570 луѓе во земјава, од кои 239 се од Скопје. По поминати 24 часа, до вчера во 15 часот беше соопштено за 15 новодијагностицирани и за тројца починати. На Инфективната клиника починаа 40-годишен жител на Кочани и двајца тетовци – на 69 и на 65 години. За спречување на ширењето на […]

Ковид-19: Секое петто дете во САД има потреба од болничко лекување


Околу 20 проценти од децата заразени од коронавирус во САД имаат потреба од болничко лекување, а хоспитализација е најверојатна кај бебиња на возраст помала од 12 месеци, покажува првата анализа на болеста кај најмладите пациенти. Споредено со возрасните, децата имаат поголема веројатност да немаат или да имаат само ограничени симптоми, се посочува во вчера објавената […]