Архивата на АВМУ од утре ќе рабoти од девет до 14 часот


Согласно донесената одлука на Владата, за забрана и посебен режим на движење на населението (полициски час) на целата територија на државата, архивата на Агенцијата за аудио и аудуовизуелни медиумски услуги почнувајќи од утре, ќе работи со изменето работно време од 09:00 до 14:00 часот.

-Како и во изминатиот период, сите субјекти, правни и физички лица, целокупната документација во јасно читлива скенирана форма, можат непречено да ја доставуваат и преку е-адресата: [email protected]. Документацијата ќе се смета за уредно доставена, за што испраќачот ќе биде повратно известен. Ваквиот начин на работење на Агенцијата останува во сила до завршување на ограничувањата пропишани од Владата, соопшти денеска АВМУ.