Дел од учениците и граѓаните денеска повторно го чистеа Скопје


И денес, оставивме пример. Горд сум на секој еден од вас! – порача градоначалникот на Скопје, орце Ѓорѓиевски, по завршување на утринското чистење на Скопје, на педесетина локации.

– Со моите колеги градоначалници, кои ја предводеа акцијата во своите општини, со младите, волонтерите и илјадници сограѓани, повторно ги здруживме силите за почист град. Од срце ви благодарам на сите! – порача Ѓорѓиевски.

На тие што  фрлаат отпад по улиците и парковите Ѓорѓиевски им порача пред да фрлат нешто на земја, да се сетет дека денес некој нивни сосед се наведнал токму таму за да исчисти.

– Почитувајте го неговиот труд. За намерното загадување на Скопје нема да има толеранција.
Со акциите продолжуваме двапати месечно. А секој ден имаме прилика да им покажеме на нашите деца како се чува својот град – додава Ѓорѓиевски.