Полицајците ќе им ја носат пензијата на старците во Италија


Италијанските полицајци ќе им ги доставуваат пензиите на граѓаните кои имаат 75 и повеќе години во текот на епидемијата со Ковид-19 во земјата, за на тој начин да ја заштитат од заразата оваа најранлива категорија Италијанци во екот на пандемијата.

Како што пренесоа италијанските медиуми, карабињерите и „Пошта на Италија“ постигнале „историски договор“ за новиот начин на доставување на пензиите за најстарите граѓани во Италија, а со новата мерка ќе бидат опфатени 23.000 пензионери.

Во Италија, една од најтешко погодените земји со пандемијата од Ковид-19 во светот, на сила се строги мерки на карантин на територијата на цела држава со цел да се спречи натамошното ширење на вирусот.