Уште пет лица починаа од Ковид-19


Министерот за здравство, Венко Филипче, на неговиот фејсбук профил соопшти дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус: пациент од Куманово (52г), пациентка од Лабуништа-Струга (65г), пациентка од Челопек – Тетово (62г) и една пациентка од Штип (81г). Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на […]

Концерт „од дома“ со Лејди Гага, Пол Макартни, Били Ајлиш…


САД– Лејди Гага и организацијата „Глобал ситизен” собраа 35 милиони долари за борбата против коронавирусот. Ќе се организира и специјална ТВ-емисија, каде што ќе учествуваат Пол Макартни, Стиви Вондер, Били Ајлиш, Maраја Кери и други познати пејачи, под наслов „Еден свет – заедно дома“. Лејди Гага изјави дека парите ќе бидат наменети за Светската здравствена […]

Во Србија сите заразени мораат во болници, нема веќе лекување во домашни услови


Србија– Српското Министерството за здравство и институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“ проследија до локалните самоуправи инструкции, со кои се наложува дека сите заразени лица со коронавирус мора да се да се лекуваат во ковид болниците или во импровизираните болници (карантитни) во Белград, Ниш и Нови Сад, како и дека повеќе нема да има […]

ЕУ испраќа медицински тим и помош во Италија


Белгија – Романија и Норвешка, преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, испраќаат екипа на лекари и медицински сестри за да им помогнат на локалните доктори во Италија, соопшти денеска Европската Комисија. Механизмот за цивилна заштита на ЕУ има за цел да го координира одговорот на ЕУ во кризни состојби. Романските и норвешките медицински лица ќе […]

Истражување: Маските ја намалуваат брзината на ширење на коронавирусот


Хонг Конг– Употребата на медицински маски може да ја намали брзината на ширење на смртоносниот коронавирус, тврди меѓународна група научници, пренесува списанието „Натурал медицин“ (Natural Medicine). Во лабораториски услови, маските значително ја намалиле количината на честички на разни вируси што се шират кај пациентите. Нивниот број е регистриран преку специјалниот апарат „Гезундхајт 2“, кој го симулира човечкото […]

Интервју со Владимир Глигоров: Се работи за болест, не за крах на системот


Мирче Јовановски Македонија е во подобра положба за побрзо излегување од кризата од другите земји во регионот. Нејзиниот најголем проблем е сиромаштијата, вели познатиот економист Владимир Глигоров во интервју за „Независен“   Да се сочуваат вработените и претпријатијата, како и јавните служби, но и да се почитуваат финансиските обврски, се дел од приоритетите во економската […]

За два месеци дефицит во размената со странство од 367 милиони долари


Во првите два месеца од годинава вкупната вредност на извозот на стоки од нашата држава изнесува 1.074.461.000 долари и бележи пад од 0,2 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во јануари  и во февруари годинава, изнесува 1. 441. 472.000 долари што е […]

(Видео) Околу 15.000 отпуштени угостители, а бројот ќе се зголемува


Туристичко угостителската комора на Македонија на прес-конференција објави дека илјадници угостителски објекти кои се дел од оваа комора нема да ги користат мерките на владата бидејќи тоа ќе значи нивно дополнително задолжување, што, како што велат, никој од нив нема да може да го издржи. Од таму кажаа дека околу 60% од вработените 29 илјади […]

Сезоната во Формула 1 може да започне со две трки во Австрија во јули


Австриската влада ги олесни ограничувањата насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот, што ги зголемува шансите за одржување на трката на 5 јули. Претставниците на Формула 1 веќе разговараат со промотерите на Гран при за можноста за организирање на две фази во Спилберг. Ова се должи на фактот дека првенството мора да одржи најмалку 15 […]

Превозниците во вонредна состојба дневно ќе возат по 11 часа


Се зголемува дневното време на управување со возило на мобилните работници во патниот сообраќај од 9 на 11 часа додека трае вонредната состојба, а дополнително се одложуваат полагањето на испитите и рокот на важење на сертификатите за професионална компетентност на лице одговорно за превоз и возач за учество во меѓународен патен сообраќај, како и за […]

Продолжени лиценците, овластувањата и дозволите за градежните и погребалните фирми


Продолжено е времетрањето на истечените лиценци и овластувањата за градежниот сектор, како и на дозволите за управување со гробишта и за вршење погребални услуги,  во тек на вонредната состојба и 60 дена по нејзино завршување. За компаниите што работат во градежниот сектор, како што информира  денеска ресорниот министер Сугарески, се донесени три уредби со законска […]

Здравствените работници ги почитуваат мерките за заштита


Дражавниот санитарен и здравствен инспоекторат (ДЗСИ) во периодот од 2 до 5 април спроведе 66 вонредни инспекциски надзори во здравствените институции низ целата држава  при што констатира дека воглавно се почитуваат мерките од областа на преземање на лична здравствена заштита на здравствените работници, информира директорката на ДЗСИ, Иринка Сотирова. Таа на денешната прес-конференција во Владата […]

Абе прогласи вонредна состојба во Токио и шест други области во земјата


Јапонскиот премиер Шинѕо Абе прогласи вонредна состојба во Токио и шест други области во земјата во период од еден месец, поради пораст на заболени од коронавирус. – Тоа што го одлучив, бидејќи имаме ситуација од која се плашевме, ќе има сериозно влијание врз животот на луѓето и економијата… Прогласувам вонредна состојба, рече Абе. Мерката не […]

Спасовски до здравствените работници: Чувајте се себеси, за да може да не чувате и нас


На одбележувањето на Светскиот ден на здравјето, премиерот Оливер Спасовски денеска им порача на здравствените работници да се чуваат себеси за да можат да ги чуваат граѓаните и јавното здравје. – Денес е Светски ден на здравјето, кој оваа година Светската здравствена организација целосно го посветува на здравствените работници и во тој контекст сакам да […]

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните по селата си работат


Затворени се 48 угостителски објекти, забранети се за употреба 215 кафемати, а кај 15 месарници и маркети е констатирана општа лоша хигиенска состојба, во тек на 3.908 надзори што ги спровеле шесте инспекциски служби во државава од 2 до 5 април годинава, вршејќи контрола на почитување на владините препораки за заштита од ширењето на вирусот […]

Во Општата болница во Охрид шест лица со симптоми на Ковид-19


Новопоставенот директор на Општата болница во Охрид, д-р Горан Балевски денеска соопшти дека состојбата со заразата со коронавирусот будно се следи, уверувајќи оти здравствената установа има доволно капацитети, знаење за справување со предизвиците што ги носи епидемијата. – Формиран е кризен штаб составен од избрани лекари од сите одделенија, така што со заеднички насоки формиран […]

Христијан Мицкоски им се заблагодари на лекарите на Денот на здравјето


По повод Денот на здравјето, кој оваа година е целосно посветен на медицинските работници кои се на првата линија во борба против корона вирусот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, испрати отворено писмо до здравствените работници. Тој вели дека тоа писмо било посветено на луѓето кои се во првата линија во борбата против заразната пандемија која одзема […]

СЗО: На светот му недостасуваат шест милиони медицински сестри


Поради пандемијата од коронавирусот, Светската здравствена организација (СЗО)  предупредува дека на светот му недостасуваат  шест милиони медицински сестри. ОН заедно со здруженијата „Нега сега“ и „Меѓународен совет на медицински сестри“ (ИЦН) ја истакна клучната улога на медицинските сестри кои го сочинуваат половина од медицинскиот персонал во светот. – Медицинските сестри се  ‘рбет  на секој здравствен […]

Филипче до здравствените работници: Вие сте хероите во оваа битка


Министерот за здравство Венко Филипче денеска во видео порака на здравствените работници им го честита Меѓународниот ден на здравјето 7 април, оддавајќи им признание за клучната улога која тие ја имаат во здравствената нега и грижата за нашето здравје. „Ова обраќање ви го посветувам на вас, здравствените работници. Во овие моменти, исправени пред најголемиот светски […]

Универзитетската клиника за хематологија работи со полн капацитет


ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје соопшти дека во периодот на вонредна состојба предизвикана од ширењето на Ковид-19, работи со полн капацитет согласно препораките за работа на Министерство за здравство. – Секојдневно се спроведуваат мерки кои имаат за цел заштита и максимална безбедност на пациентите и на медицинскиот персонал, а истовремено одговарајќи на потребите […]