„Самсунг“ пријави раст на приходите во време на корона вирус


 

Компанијата „Самсунг“ е меѓу првите светски гиганти кои за време на пандемија од корона вирус ги зголеми приходите. Исто така, фирмата речиси остана непогодена од новата ситуација во светот, пишува The Verge.

Во соопштението објавено денеска, приходите во првото тромеселие изнесуваа 44,9 mмилијарди долари, што претставува пораст од пет отсто во однос на истиот период лани и изнесула 5,2 милијарди долари.

Причина за растот на приходите и профитот не е познат затоа што такви податоци „Самсунг“ објавува на крајот на април. Сепак, стручњаците сметаат дека растот може да е поради зголемената прдажба на апарати за домаѓинство заради работа од дома, а тие уреди бараат делови кои ги произведува „Самсунг“.

Сепак, останува неминовно дека „Самсунг“ во догледно време ќе ја почувствува пандемијата поради очекуваниот пад во класичната продажба и проблемите во синџирот на достава на сировини.