На платформата Едуино достапни едукативни материјали за деца од 3 до 6 години


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека е во функција делот за предучилишно образование на националната платформа за е-учење ЕДУИНО, која е подготвена во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ и со останатите партнери. -ЕДУИНО е едукативна платформа наменета за сите воспитувачи и родители на која може […]

Кина одобри клиничко тестирање на две експериментални вакцини против корона вирусот


Кина одобри почетна фаза на тестирање на луѓе за две експериментални вакцини против новиот корона вирус од кој во светот починаа повеќе од 100.000, објави денеска новинската агенција Ксинхуа. На развојот на вакцината работи кинеската подружница на Синовац Биотек (Sinovac Biotech)  и Институтот за биолошки производи во Вухан, подружница на кинеската државна фармацевтска групација. Кина […]

Во светот речиси два милиони заразени со корона вирусот, починале околу 120.000 луѓе


Бројот на заразени со корона вирусот во светот се доближи до два милиони, со речиси 120.000 починати, покажуваат најновите податоци на универзитетот Џонс Хопкинс и порталот Worldometeres. Во светот со новиот коронавирус се заразени 1.920.985 лица, а 119.686 луѓе починале, според универзитетот Џонс Хопкинс, додека според Worldometers заразени се 1.925.571 луѓе, а починале 119.718. Од […]

ОН: Поради Ковид-19 над 117 милиони деца може да останат без вакцина за сипаници


Повеќе од 117 милиони деца би можеле да ја пропуштаат имунизацијата против сипаници, бидејќи пандемијата Ковид-19 принудува на социјално растојание и го зголемува притисокот врз здравствените услуги, предупредија здравствените агенции на Обединетите нации, јави Ројтерс. Во 24 земји веќе се одложени кампањите за имунизација од сипаници, а се очекува тоа да биде направено и во […]

Раскопана Старата чаршија, ќе заврши ли како нова?


На социјалните мрежи се споделува фотографија од раскопаната Стара скопска чаршија, а граѓаните револтирано прашуваат што се случува и зошто се копа калдрмата во вонредна состојба во време кога во поголемиот дел од денот на сила е полициски час и забрането е движење и собирање на граѓаните.Од општина Чаир на официјалната Фејсбук страница се објавени […]

Светот може да учи од пристапот на Виетнам во борбата со корона вирусот


  Без смртни случаи и околу 200 заразени, пристапот на Виетнам кон коронавирусот е пофален од Светската здравствена организација и може да им одржи лекција на земјите што се борат да ја контролираат појавата на епидемијата. И покрај тоа што Кина и Виетнам имаат заедничка граница, Виетнам во комбинација на рано одлучно дејствување, екстензивно тестирање, […]

СЗО: Корона вирусот нема да исчезне, ќе мораме да се штитиме


Луѓето со маски веројатно ќе станат ново правило, оценува експертот на Светската здравствена организација (СЗО) Дејвид Набаро. Во разговор за Би-Би-Си тој кажа дека општествата мораат да се прилагодат и „да научат да живеат со новата реалност“, бидејќи коронавирусот веројатно ќе го има уште извесно време. -Овој вирус нема да си замине, не знаеме дали […]

Болните од Ковид-19 ќе се лекуваат со крвна плазма, се очекува и антивирусен лек од Јапонија


Заразата од коронавирусот во државава се движи кон врвот, а бројот на заболени секојдневно постепено се зголемува. Од вкупно 854 дијагностицирани, најголем број се од Скопје – 316, по што следуваат Куманово – 211, Прилеп – 75, Дебар – 49…. Излекувани се 44 пациенти, а 38 се починати. Од вкупниот број заболени, 117 се здравствени […]

Учителите да ги учат, родителите да се дружат со своите деца


Во ова време-невреме, се чини, сите сме на тестот на себепреиспитувањето. Какви сме, што правиме, каде се движиме? Во секојдневното исчекување на вестите и бројките колку заразени, колку излекувани, дали имаме некој близок во опкружувањето заразен од коронавирусот и како ќе преживееме? Млади, стари, родители или не? Грижата моментално се префрла на старите, но и […]

Берни Сандерс ја поддржа кандидатурата на Џо Бајден


Сенаторот Берни Сандерс синоќа официјало даде поддршка на кандидатурата на неговиот соперник во трката за претседателска номинација, поранешниот потпретседател Џо Бајден. Чекорот е насочен кон обединување на демократите во пресрет на изборите во ноември. Сандерс ја прекина својата изборна кампања пред само пет денови, и сега, се појави заедно со Бајден и посочи дека коронавирусот […]

Во Детроит починатите од корона ги сместуваат и во собите за одмор на лекарите


Вработените во болницата „Синај грејс“ во Детроит не успеваат починатите од корона вирусот достојно да ги сместат во соодветни простории, па нивните тела ги оставаат во бели вреќи наредени едни над други во гаражата, во ладилник на болничкиот паркинг, во просториите на лекарите, дури и во собите за одмор на лекарите и на медицинскиот персонал […]

Бунт во Ченто откако двајца беа приведени за непочитување на полицискиот час


Во скопската населба Ченто вечерва се случи инцидент помеѓу припадниците на полицијата и дел од жителите на населбата.Во момент кога поради нарушување на полицискиот час патролата лишила од слобода три лица, поголем број граѓани, прекршувајќи го полицискиот час, излегле на улиците и барале нивните сограѓани да бидат ослободени. Приведените лица подоцна беа пуштени од полициската […]

Лекарите во Босна масовно земаат боледување во екот на епидемијата


Стотици лекари и други медицински работници во Босна и Херцеговина се на боледување во екот на епидемијата на корона вирусот, од која се инфицирани повеќе од илјада луѓе до понеделникот и починаа 39 лица. Досега се заразени 1.018 лица со корона вирус, со епидемии во Бања Лука (257), Читлук (81), Мостар (55) и Широки Брег […]

Мерко: Нема доаѓање и одење од Струга во полициски час


 Мерките за заштита од коронавирусот кои ги имаме преземено како локална самоуправа и сите мерки од Владата се имплементирани и се прифатливи за граѓаните на општина Струга, истакна вечерва струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во Топ Тема.Во врска со тоа каква е состојбата во Лабуништа, Мерко рече дека се покренала фама околу тоа струшко село, околу […]

Емануел Макрон навестува крај на мерките во Франција


Францускиот претседател Емануел Макрон во телевизиското обраќање до Французите соопшти дека ограничувањата, кои стапија на сила на 17 март, ќе траат до понеделник 11 мај, под услов да се почитуваат истите.Во своето четврто обраќање, од почетокот на епидемијата, шефот на француската државата започна со овие зборови: -Живееме во тешки денови. Благодарение на нашите напори, напредуваме […]

СЗО: Новиот коронавирус е десетпати посмртоносен од грипот H1N1


Новиот коронавирус е десетпати повеќе смртоносен од вирусот на грип А (H1N1) што се појави во Мексико во март 2009 година, соопштија денеска СЗО, повикувајќи на бавно повлекување на карантинските мерки. „Податоците собрани во неколку земји ни даваат појасна слика за овој вирус, неговото однесување и како можеме да го спречиме“, рече генералниот директор на […]

Владата даде виза за кредитот од ММФ во износ од 176,7 милиони евра


Околу 176,7 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Република Северна Македонија ќе ги искористи за буџетски потреби во финансирањето на мерките за здравствена и макроекономска стабилизација и исполнување на потребите на билансот на плаќање кои произлегуваат од појавата на Ковид-19. Како што соопшти владината прес-служба, денеска на седница на Владата е донесена Уредба со […]

КОВЗРГ го осуди сквернавењето на христијанските гробишта во Камник


Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи преку соопштение најостро го осуди вандалскиот чин на сквернавење на христијанските гробишта во скопско Камник. Од Комисијата изразуваат сочувство до семејствата, чии најмили почиваат на овие гробишта и го споделуваат немирот и револтот по овој нечовечки акт. Комисијата за односи со верските заедници упатува јавен апел […]

МНР: Се вратија уште 125 македонски граѓани од Стокхолм, Копенхаген и Ајндховен


Министерството за надворешни работи информира дека денеска беше организиран лет за репатријација на вкупно 125 македонски граѓани затекнати во Шведска, Данска и Холандија. Репатрирањето, како што соопшти МНР, беше реализирано во организација на нашите амбасади во Стокхолм, Копенхаген и Хаг, во соработка со генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство. -Упатуваме благодарност до […]

Шилегов: Сликите со преполни контејнери нема да ни се повторат за Велигден


Немавме проблем со комуналниот отпад и нема да имаме. Состојбата е за еден ден. Се појави еден ден криза и ќе ја надминеме. Од утре состојбата ќе се воведе во нормала и ќе станат минато сликите кои денеска беа споделувани на социјалните мрежи со преполни контејнери. Таквите слики нема да ни се повторат за велигденските […]