Бунт во Ченто откако двајца беа приведени за непочитување на полицискиот час


Во скопската населба Ченто вечерва се случи инцидент помеѓу припадниците на полицијата и дел од жителите на населбата.Во момент кога поради нарушување на полицискиот час патролата лишила од слобода три лица, поголем број граѓани, прекршувајќи го полицискиот час, излегле на улиците и барале нивните сограѓани да бидат ослободени.

Приведените лица подоцна беа пуштени од полициската станица. Претходно, градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски на насобраната толпа ѝ ветуваше дека лицата ќе бидат ослободени и „ништо нема да им фали“.

-Полека, малку да се собереме. Ќе одам до станица… ќе го викнам началникот. Само тргнете се, полициски час е. Ќе одам до станица, ништо не им фали на двајцата, ќе ги земам и ќе се вратам со началникот. Имате од мене збор, значи, тргнете се, им вели Георгиевски на собраните граѓани.

Како што јавуваат дел од медиумите, по дојава на граѓани полицијата привела неколкумина откако поголема група граѓани играле карти во двор од куќа. А1 Он јави  дека меѓу приведените има и советник од општина Гази Баба од СДСМ.

Градоначалникот Георгиевски негираше дека лицата биле приведени, туку, според него, биле повикани на информативен разговор.

-Дојдов на лице место да видам што се случува. Засега сѐ е во ред, толпата е разбиена, сите се во своите домови. Никој не е уапсен. Три лица беа повикани на информативен разговор поради непочитување на полицискиот час, но и тие се пуштени, изјави Георгиевски.

 

https://www.facebook.com/100010076834178/videos/1141417756204108/p;