Раскопана Старата чаршија, ќе заврши ли како нова?
На социјалните мрежи се споделува фотографија од раскопаната Стара скопска чаршија, а граѓаните револтирано прашуваат што се случува и зошто се копа калдрмата во вонредна состојба во време кога во поголемиот дел од денот на сила е полициски час и забрането е движење и собирање на граѓаните.Од општина Чаир на официјалната Фејсбук страница се објавени повеќе фотографии со следното објаснување.
„Проектот за ревитализација на Старата Скопска Чаршија се реализира според утврдената динамика.Калдрмите и витрините на дуќаните на занаетчиите се автентични културни карактеристики на нашето гнездо на културата – Старатa Скопска Чаршија за чие одржување Општина Чаир се грижи преку проектот за ревитализација и зачувување на нејзината инфраструктурна автентичност.
Така денес Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со поранешниот градоначалник на Општина Чаир г-дин Изет Меџити, координаторите на проектот Џавит Гаши и Седат Кубур извршија непосреден надзор над работниот процес. Еден дел од калдрмата и витрините се веќе поставени и со големо посветеност се продолжува низ другите делови на Чаршијата.
Им се заблагодаривме на работната екипа за коректноста и докажаната професионалност во текот на реализацијата на работниот процес“, пишува во објавата на општина Чаир.