Ганиу: Травертинот се класифицира и ќе се врати на улиците во Старата чаршија


Со пари од Светска банка и со сите дозволи од Управата за заштита на културното наследство, Општина Чаир реконструира дел од улиците во Старата скопска чаршија, се правда градоначалникот Висар Ганиу, по силната реакција на јавноста дека во сред пандемија од корона вирус се менува калдрмата. Ганиу вели дека каменот е травертин кој се вади […]

И полицискиот час се исполитизира


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денес на прес конференција соопшти дека настанот во Ченто има политичка позадина и дека МВР е решено да постапува неселективно во однос на сите што поттикнуваат или не го почитуваат полицискиот час. -Во изминатиот период граѓаните соработуваа со полицијата, ја поддржуваа и помагаа. Таа соработка е многу важна и […]

Се заканувал на политичари, си заработи кривична


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Како што соопшти денеска Обвинителството, обвинетиот 34-годишник од 29 до 31 март, искористувајќи исти прилики и други слични околности, преку својот профил на една социјална […]

Павле Трајанов: Инцидентите ги прават партиски членови


Поранешниот министер за внатрешни работи, Павле Трајанов, смета дека не треба да се продолжи вонредната состојба, а за Велигден полицијата да покаже поголема толеранција, бидејќи генерално вакви какви што се сега мерките имаат спротивен резултат. Тој не гледа сепак никакво недозволено однесување на полицијата за време на инцидентот во Ченто синоќа, кога беа приведени три […]

Спасовски од Дебар: Поминавме тежок период, но не е сè завршено и не треба да бидеме релаксирани


Денеска можеме да испратиме силна порака на охрабрување, не само за граѓаните на Дебар и Центар Жупа туку и за граѓаните на Република Северна Македонија дека знаеме, можеме и умееме да се справиме и во овие тешки моменти, порача премиерот Оливер Спасовски од Дебар. Додаде дека граѓаните од двете општини беа 30 дена во карантин […]

Ангеловска: Мерката 14.500 денари може да ја корисат и занаетчии, фризери, козметичари…


Мерката 14.500 денари по вработен, можат да ја користат и занаетчии, фризери, козметичари, земјоделци и други самостојни вршители на дејност, објави на Фејсбук министерката за финансии Нина Ангеловска. -Мерката е иста како за работодавачите – единствена разлика е што апликацијата оди преку системот е-ПДД на УЈП. Прво, се пополнува барање за исполнетост на условите: до […]

Кина ги надмина очекувањата и во март оствари трговски суфицит од 20 милијарди долари


Кина во март регистрира надворешнотрговски суфицит од 19,9 милијарди долари, според царинските податоци објавени денеска, со што ги надмина прогнозите на аналитичарите на пазарот за вишок од 18,55 милијарди долари. Трговските податоци за кинеската стоковна размена со светот во март се далеку подобри отколку во јануари и февруари, кога земјата, во екот на пандемијата на […]

Од Италија се враќаат 180 граѓани – во изолација ќе бидат 21 ден


Денеска ќе бидат прифатени 180 наши државјани кои од Италија пристигнуваат со организиран лет и кои ќе поминат 21 ден во државен карантин, соопшти Владата. Денеска во 14 часот на скопскиот аеродром со организиран лет од Венеција, Република Италија, ќе пристигнат 180 патници. Како и досега, така и за овие наши граѓани е организиран превоз […]

Собрани 1.000 тони ѓубре во Скопје


Во текот на изминатите 24 часа, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје собраа и транспортираа речиси 1000 тони комунален отпад од подземните и надземните контејнери на територијата на градот Скопје. Контејнерите се празнеа во текот на целата ноќ, по што посебни екипи поминуваа да го отстранат и транспортираат отпадот што беше расфрлен во околината на садовите. […]

За велигденските празници сончево и топло


За велигденските празници времето ќе биде сончево и топло со значителен пораст на дневната температура. Од четврток температурите ќе бидат во пораст. Така, минималните температури ќе достигнат до 9 степени, а максималните до 27 степени. Најтопло ќе биде во сабота кога дневната температура ќе го достигне 27-тиот степен. Синоптичарите уште за утре најавуваат променливо време […]

Студија: Коронавирусот го погодува и невролошкиот систем


Нова студија открива дека коронавирусот не само што предизвикува треска, кашлица и проблеми со дишење кај пациентите, туку исто така ги зголемува и невролошките проблеми предизвикувајќи вртоглавица и главоболки, паралелно со нарушување на чувството за мирис и вкус. Студијата била спроведена од кинески научници врз пациенти во градот Вухан, каде започна пандемијата минатата година, а резултатите […]

Водителот на ABC News, Џорџ Стефанопулос е позитивен на коронавирус


САД- Водителот на  ABC News и поранешен директор за комуникации во Белата куќа, Џорџ Стефанопулос (59) е позитивен на „Ковид-19“. Стефанопулос ја објави веста вчера во  „Добро утро Америка“ и додаде дека нема симптоми. „Немам треска, немам главоболка, не кашлам и немам остар здив.Се чувствувам одлично“, изјави Стефанопулос. Дијагнозата, им рече на колегите во програмата […]

Единаесет здравствени работници од Инфективното одделение во Штип негативни на Ковид 19


Негативни се резултатите за корона вирус и на последните четворица здравствени работници на Инфективното одделение Штип, а кои неколку дена се чекаше да пристигнат. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев, за МИА изјави дека од Инфективното одделение тестирани се вкупно 14 медицински лица, од кои две лекарки, осум медицински сестри и четворица болничари. Позитивни на […]

И Грција размислува за забрана за движење на возила за Велигден


Грција – Забрана за движење на возилата во сабота вечер и во недела за Велигден, е сценариото, кое според „Катимерини“ е на маса и го разгледува грчката Влада за да се спречи дополнителна раздвиженост на граѓаните за време на празникот, како и да се спречи дополнително ширење на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина. Според […]

Пендаровски: МВР е надлежно да даде квалификација за настанот во Ченто


Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека не може да даде коментар за синоќешните случувања во скопската населба Ченто каде полицискиот час беше прекршен од неколку стотини граѓаните со протест на улиците, бидејќи ги нема сите потребни информации, како и дека тоа е во надлежност на МВР. -Денес ќе ги добијам тие информации бидејќи доцна во […]

ММФ одобри итна финансиска помош за 25 земји


САД- Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри итна финансиска помош за 25 земји членки од средствата за контрола и ублажување на последиците на катастрофи (CCRT) за да им помогне да се фокусираат на борбата против пандемијата на коронавирусот. Директорката на ММФ Кристалина Георгиева синоќа изјави дека на овие 25 земји иницијално ќе им […]

Обилни снежни врнежи во Словенија


Словенија- На многу места во Словенија, меѓу кои и во главниот град од утрово паѓа снег, јави дописникот на МИА од Љубљана. Поради пробивање на студена и влажна воздушна маса од север, температурите во земјата паднаа за 25 степени. Вчерашното пролетно време, денес е заменето со зимска идила, па така во Штајерската област вчера беа […]

„Европа“ ќе исплати 150.000 евра како награди на директорите


Фабриката за чоколади „Европа“ ќе исплати дивиденда во бруто износ од 225.000 евра , соопшти компанијата преку Македонска берза. Висината која ќе се исплаќа за една акција е бруто 60 денари, а ќе биде исплатена најдоцна до 30 септември. Компанијата лани оствари добивка од околу 1,2 милиони евра , што е за 21,5 отсто пониска […]

Забраната за движење не ја почитувале 98 лица, 67 се приведени


Во текот на изминатите 24 часа, документирано е дека 98 лица не ја почитувале забраната за движење, од а од нив 67 се приведени, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 140 лица потпишале изјави за самоизолација. -Притоа, […]