Се заканувал на политичари, си заработи кривична


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска Обвинителството, обвинетиот 34-годишник од 29 до 31 март, искористувајќи исти прилики и други слични околности, преку својот профил на една социјална мрежа се заканил дека ќе изврши кривично дело убиство, за кое е пропишана казна затвор од над пет години.

Оттаму посочуваат дека тој во повеќе наврати објавувал текстови со заканувачка содржина, а заканите биле упатени кон политичари и владини функционери.​​