„Европа“ ќе исплати 150.000 евра како награди на директорите


Фабриката за чоколади „Европа“ ќе исплати дивиденда во бруто износ од 225.000 евра , соопшти компанијата преку Македонска берза.

Висината која ќе се исплаќа за една акција е бруто 60 денари, а ќе биде исплатена најдоцна до 30 септември.

Компанијата лани оствари добивка од околу 1,2 милиони евра , што е за 21,5 отсто пониска од 2018 година.

Покрај за дивиденда од оваа добивка околу 150.000 евра ќе бидат поделени за награди на членови на одборот на директори, додека дел од добивката ќе останат нераспределени.

Овие одлуки треба да ги потврди собранието на акционери закажано за 14 мај.