Пендаровски: МВР е надлежно да даде квалификација за настанот во Ченто


Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека не може да даде коментар за синоќешните случувања во скопската населба Ченто каде полицискиот час беше прекршен од неколку стотини граѓаните со протест на улиците, бидејќи ги нема сите потребни информации, како и дека тоа е во надлежност на МВР.

-Денес ќе ги добијам тие информации бидејќи доцна во ноќта се завршуваа сите активности на МВР во тој дел. Меѓутоа без да добијам комплетна информација не можам да дадам своја квалификација. Очекувам таа работа, квалификацијата на настанот, дали евентуално ќе има мерки кон некои лица да ја дадат надлежните органи. Тоа е пред се Министерството за внатрешни работи, изјави Пендаровски на новинарско прашање по посетата на касарната во Тетово.