Кина забележа пад на БДП во првиот квартал, прв пат во 30 години


Бруто домашниот производ (БДП) падна за 6,8 отсто во првиот квартал годинава, мерено на годишно ниво, покажаа официјалните податоци во петокот   Кинеската економија во периодот јануари – март годинава забележа намалување на домашниот бруто производ, за прв пат во досегашното тридецениско официјално презентирање на овој показател. Ова е последица на епидемијата со корона вирусот, […]

Шефот на Одделот за респираторни вируси во СЗО: По оздравувањето од Ковид-19 остануваат траги


Шефот на Одделот за респираторни вируси при Светската здравствена организација (СЗО) Ричард Пибоди изјави дека по оздравувањето од Ковид-19 кај тоа лице може да се најдат траги од корона вирусот. – Знаеме дека луѓето се најзаразни од кога ќе почнат да ги покажуваат првите симптоми. А откако ќе оздрават, кај тие луѓе можно е да […]

Извидници прават ред пред продавниците во Карпош


Од утрово пред продавниците во Општина Карпош извидници се грижат за одржување на редот. За претстојниот викенд Владата одлучи да воведе 85 часовен карантин, односно од 16 часот попладнево до 5 наутро во вторник. Имајќи предвид дека три дена граѓаните треба да останат дома, а викендов е и Велигден, сите побрзаа да купат што е […]

Забранет влез и излез од Софија


Бугарија го забрани влегувањето и излегувањето од Софија, почнувајќи од 17 април и ќе трае за време на Велигден во обид да ги зајакне мерките за запирање на ширењето на корона вирусот, пренесе РСЕ. Забраната, како што наведуваат властите, била неопходна заради „масовно заминување“ на Бугарите од главниот град пред четиридневниот празничен викенд. Генералот Венцислав […]

Кина призна дека ги изброила „грешно“ мртвите во Вухан


Агенцијата Франс Прес утрово јави дека Кина го признала манипулирање со бројките на мртвите во жариштето на епидемијата, Вухан. Место официјалната бројка, реалната била повисока за 50 отсто, односно умреле вкупно 3.869 лица. До вчера светот се воодушевуваше од ефикасноста на кинеските власти во справувањето на епидемијата, но се покажа дека ниту одговорот бил толку […]

Белгија со нависока стапка на смртност од ковид-19


Белгија има највисока стапка на смртност од корона вирусот на светот, која, според анализите на американскиот универзитет „Џон Хопкинс“, изнесува 13,4 отсто. Една од причините за тоа е драматичната состојба во домовите за стари лица. Ендру Престона од Универзитетот во Бату вели дека стапката на смртност генерално е повисока во популации со поголем број стари […]

Автобусите да бидат полупразни


На владина седница е донесена Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба, со која се утврдува дека при вршење на јавниот превоз на патници, за време на траење на вонредната состојба, превозникот во возилото е должен да […]

Јапонија воведе вонредна состојба во цела земја


Јапонија прогласи вонредна состојба во целата земја поради влошената состојба предизвикана од епидемијата на коронавирусот. Како што објави синоќа Би-Би-Си, мерката, која ќе биде во сила до 6 мај, им овозможува на регионалните власти да побараат од луѓето да останат во домовите, но не предвидуваат казнени мерки. Пред еден месец, премиерот Шинѕо Абе воведе вонредна […]

Трамп ќе ја рестартира економијата на САД „чекор по чекор“


Не се отвора сѐ наеднаш, тоа го правиме внимателно и чекор по чекор, изјави американскиот претседател   Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го претстави деталниот план на администрацијата, составен од повеќе фази, за отворање на американската економија, по воведениот карантин поради ширењето на коронавирусот во САД. На брифингот синоќа, Трамп истакна дека планот ќе се […]

Исланд спроведе масовно тестирање, 42 отсто од позитивните без симптоми


Исланд спроведе тестирање за новиот корона вирус на 10 отсто од својата популација, а оваа мала земја од 364.000 жители, почна со тестирање еден месец пред да се потврди првиот пациент на таа територија. Студијата објавена оваа недела во американското научно списание New England Journal of Medicine од исландски научници и локалната компанија deCODE Genetics, […]

Саудиска Арабија ќе донира 500 милиони долари за борба против коронавирусот


Саудиска Арабија, која во моментов претседава со Г-20, денеска соопшти дека ќе донира 500 милиони долари за поддршка на глобалната борба против пандемијата на корона вирус и ги повика другите земји и организации да донираат средства. Од споменатите средства, 150 милиони американски долари се наменети за Коалицијата за епидемиска подготвеност и иновации, 150 милиони долари за […]

Да го прославиме Велигден во домовите, да не си играме со здравјето и животот


Во пресрет на Велигденските празници да покажеме одговорност, да останеме дома, да не се собираме, групираме и строго да ги почитуваме заштитните мерки, посебно физичката дистанца од два метра, за да го спречиме ширењето на коронавирусот, апелираа вчера премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче. Во однос на епидемијата чиј пик допрва не […]

Нови 26 случаи со Ковид-19 во Косово, вкупно 449 заразени, 11 починати и 79 излекувани


Во Косово во текот на вчерашниот ден се регистрирани нови 26 случаи на заболени од Ковид-19, како и осуммина кои се излекувани, откако претходно биле дијагностицирани како заразени од новиот коронавирус, објави синоќа Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) во својот 24-часовен извештај за состојбата со заразата во земјата. Заедно со новите случаи, официјалната […]

Во Милано прва биолошка банка за лекување и вакцина за ковид-19


Миланскиот универзитет и болницата „Фатебенефратели Сако“ започнаа проект наречен „Биолошка банка“, кој опфаќа собирање и складирање на сите биолошки примероци, крв и ткиво, кои се поврзани со корона вирусот, што претставува можност за студирање и развој на стратегија за дијагностика и терапија, вклучително и вакцина. Банката БПМ донираше 800.000 евра за отворање на лабораторијата и […]

Бран


ЛЕЈЛА САБИТ Скопје го зафати бран на неодговорност и ниска свест за тоа што значи здравје и живот, ама сите сакаат да ги заплисне морски бран   Скопје го зафати бран на неодговорност и ниска свест за тоа што значи здравје и живот, ама сите сакаат да ги заплисне морски бран. Веќе сте во филм […]

Клучните шест дена кога Кина молчеше за заразата од корона вирусот


Обидот на Кина да чекори на танката линија помеѓу алармирање на јавноста и избегнување паника, ја постави сцената за пандемијата што зарази повеќе од два милиони луѓе и однесе повеќе од 145.000 животи, пишува во опсежната приказна АП   Шест дена откако врвните кинески функционери тајно утврдија дека најверојатно се соочуваат со пандемија од нов […]

Европската народна партија ќе ја исфрли Фидес на Орбан до крајот на годинава?


„Тоа нема никаква врска со духот на демократијата“, вели Лидерот на ЕПП, Доналд Туск, за законот за вонредни ситуации кој на Виктор Орбан му дава широки овластувања   Доналд Туск во четвртокот изјави дека политичката групација до крајот на годинава ќе ја исфрли партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Во интервју за германски „Дер […]

Путин ја одложи воената парада закажана за 9 мај


Рускиот претседател Владимир Путин ја одложи парадата за Денот на победата на 9 мај на Црвениот плоштад во Москва поради пандемијата на корона вирусот. Оваа година се прославува 75-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во 1945 година, а годишната воена парада претходно никогаш не била одложена. Путин рече дека Русија се соочува […]

Четирите натпревари што ќе го обликуваат посткорона светот


ДЕЈВИД МИЛИБАНД Како што се фрагментира глобалниот поредок, алтернативата не е утопија. Тоа е здрав разум, како и заедничко човештво   Политичкиот натпревар во 2010-тите, по големата финансиска криза, успешно го дефинираа популистите наспроти технократските елити. Нативизмот наспроти глобализмот. „Нашите“ граѓани наспроти оние од никаде. Национализам наспроти отворени граници. Глобалната пандемија ги покажа границите на […]

Спасовски: Ниту јас ниту некој од владиниот тим беше известен за тестовите во општинскиот кризен штаб пред состанокот во Куманово


Премиерот Оливер Спасовски вечерва изјави дека ниту кој било од владиниот тим што вчера беше на состанок во Куманово не бил известен дека на членовите на општинскиот кризен штаб претходно им било направено тестирање за корона вирус. „Доколку знаевме дека градоначалникот Максим Димитриевски и други лица од кризниот штаб на Куманово чекаат резултати за коронавирусот, […]