Извидници прават ред пред продавниците во Карпош


Од утрово пред продавниците во Општина Карпош извидници се грижат за одржување на редот.

За претстојниот викенд Владата одлучи да воведе 85 часовен карантин, односно од 16 часот попладнево до 5 наутро во вторник.

Имајќи предвид дека три дена граѓаните треба да останат дома, а викендов е и Велигден, сите побрзаа да купат што е потребно.

За да не се прави метеж во и надвор од продавниците, извидници помагаат, па како редари се грижат да се задржи растојанието на граѓаните на два метра.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев им се заблагодари на Фејсбук.