Пријавете семејно насилство, службите достапни и во полициски час


Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ja зголеми достапноста на сервисите за жртвите од насилство низ земјата. -Во состојби на стрес и домашна изолација насилството може дополнително да ескалира, се наведува во соопштението од МТСП и се додава дека никој не треба да се чувствува дека е оставен сам на себе. Потенцијалните жртви, како […]

Трговците задолжително да имаат редарска служба пред и во објектите, глоби за непочитување


Владата на вчерашната седница донесе две уредби со законска сила по предлог на Министерството за економија, а се однесуваат за работата на трговците и концесионерите на минерални суровини. Министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција информира дека е донесена уредба за примена на Законот за трговија со која се поставува ред и дисциплина при […]

Започна финалното асфалтирање на Пластичарска улица


Град Скопје соопшти дека денеска започна финалното асфалитрање на булеварот „Никола Карев“ односно познатата Пластичарска улица. Изминатиов период интензивно, со засилено темпо и ноќно работење се реконструираше и прошири овој булевар којшто е еден од најважните сообраќајници во Скопје бидејќи поврзува четири општини – Гази Баба, Чаир, Центар и Карпош. Затоа, оваа реконструкција е посебно значајна […]

Иванка Трамп на удар на јавноста: Не седела дома, патувала


САД-Иванка Трамп е обвинета за игнорирање на сопствените совети и национални насоки за патување во текот на коронавирусот, откако отпатувала во Њу Џерси за празникот Пасха, во голф клубот на татко ѝ. Советничката и најстарата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, патувала повеќе од 300 километри со своето семејство за првиот ден Пасха на 8-ми […]

Зоран Милевски – Кичеец е на cлобода


Зоран Милевски – Кичеец е на cлобода,  yкината му е мерката домашен притвop, откако била прифатена неговата гаранција од над 200 илјади евра дека нема да пoбeгнe, објави ТВ „Алфа“. Информацијата, за телевизијата, ја потврдиле шефицата на Обвинителcтвото за гoнeњe на opганизиpaн кpиминaл и кopупција – Вилма Рускоска, како и aдвoкaтoт на Кичеец. „Ја прифативме […]

Почина Брајан Денехју, омилениот лик од крими-сериите


САД- Славниот актер од големите и малите екрани Брајан Денехју, почина на 82-годишна возраст во неговиот дом во Конектикат. TMZ јави дека починал од природна смрт и надлежните не побарале обдукција. Глумел 50 години, а во текот на својата завидна кариера се појавил во многубројни познати телевизиски серии како “Kojak,” “MASH” и  “”Lou Grant“ и […]

ИКОМОС-Македонија: Да ја споделиме одговорноста за заштитата на културното наследство


Во ова време „невреме“, во период на светска пандемија на Ковид – 19, со голема жал за починатите кои не ја преживеаја оваа напаст, да останеме дома и да ги почитуваме сите препораки, да се заштитиме себе, но и сите вас како најважно нешто во овој период, но и да не ја заборавиме обврската како […]

Тимотеј: Да беше до лажичето, свештенството ќе изумреше


Митрополитот Тимотеј не се согласува дека причестувањето е главниот проблем околу епидемијата со корона вирусот, бидејќи да беше така, смета тој, свештенството одамна ќе изумреше. -Не е причеста зараза, не е лажичето, туку човекот…Ние имаме некогаш по илјада верници што се причествуваат, а кој знае какви болести има некој од нив. Да зависеше од тоа […]

На ГП „Богородица“ излегле петнаесетина, а влегле дваесетина македонски државјани


Од дежурната гранична служба на ГП Богородица за МИА информираат дека од воведувањето на вонредната состојба и затворањето на границата односно на протоколот за патување, преку ГП „Богородица“ излегле петнаесетина патници кои потпишале изјави дека дома нема да се враќаат 90 дена, а од Грција во Северна Македонија влегле дваесетина наши граѓани кои потпишале изјава […]

Данската кралица Маргрет го прослави 80-от роденден во карантин


Данска (АФП) – Данците излегоа надвор да ѝ посакаат на својата популарна кралица Маргрет среќен 80-ти роденден, пеејќи и мавтајќи со црвено-бели дански знамиња, и покрај полу-мерките за заштита од коронавирусот. Големите свечености беа откажани поради новиот вирус, но Данците од сите возрасти стоеја на балконите, на улиците, во парковите и нивните станови, почитувајќи ги […]

Дутерте: Кој не почитува карантин, војската ќе му пресуди „по кратка постапка“


Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се закани дека ќе примени „воен суд по кратка постапка“ во случај на непочитување на едномесечниот карантин, воведен поради епидемијата на корона вирус во регионите каде најмногу се прекршува. Тој рече дека ќе им наложи на полицијата и војската стриктно да водат сметка за примената на мерката за физичка дистанца и […]

Уште 21 лице повикани на разговор во СВР Скопје за настанот во скопско Ченто


Во врска со настанот што се случи пред неколку дена во скопската населба Ченто досега од страна на СВР Скопје се поднесени кривични пријави за три лица, а дополнително од нивна страна е извршено идентификување и се повикани на разговор 21 лице кои учествувало во настанот и не ја почитувале мерката за забрана на движењето […]

Националната федерација на фармери започна кампања  „Купувајте домашни производи“


Во пресрет на велигденските и првомајските празници, Националната федерација на фармери (НФФ) започна афирмативна кампања „Купувајте домашни производи“. Целта на кампањата, како што најавија од Федерацијата, е зголемена потрошувачка на домашните земјоделски производи на нашиот пазар. – Здравствената и економска криза предизвикана од корона вирусот направи нарушување на пазарните синџири и создаде дополнителни проблеми во […]

Формула 1 започнува на 5 јули?


Има шанси сезоната во Формула 1 да почне на 5-ти јули со австриското Гран-при, пренесува Би-Би-Си. Првата трка во годината може да биде проследена со две рунди во Велика Британија. Доколку се одржи, нема да се продаваат влезници за австриското Гран-при. Можните следни две трки на патеката „Силверстон“ ќе се одржат без публика. Газдите во […]

Румена Филипова: Граѓаните да станат свесни за процесот на развивање на дезинформациите


Румена Филипова од бугарскиот Центар за проучување на демократијата во интервју за МИА вели дека клучен инструмент преку кој Русија ги шири своите пропагандни пораки е употреба на политичко-економска моќ врз локалните олигарси   Граѓаните треба да станат свесни за целокупниот процес на развивање една дезинформација. Првично граѓанинот треба да стане свесен од каде потекнува […]

Отписот на каматите и репрограмирање на долговите да забрза, бара Владата


Сите државни органи, органите на државната управа, организациите утврдени со закон, органите на општините, на Градот Скопје или општините во Градот Скопје, како и Акционерски друштва во државна сопственост, јавните претпријатија во државна или јавна сопственост, кои се утврдени како доверители во извршните исправи, дадени за извршување пред извршителите, заклучно со 31 декември 2017 година, […]

Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со австрискиот претседател Ван дер Белен


Претседателот Стево Пендаровски, оствари телефонски разговор со сојузниот претседател на Австрија, Александер Ван дер Белен. За време на разговорот, како што соопшти неговиот Кабинет, биле разменети информации за состојбите во двете држави, во контекст на справувањето со последиците од ширењето на КОВИД-19. Претседателот Пендаровски го информирал австрискиот претседател за мерките што државните власти ги преземаат […]

Граѓаните од 16 часот во 85 часовен карантин


Попладне во 16 часот почнува 85 часовниот полициски час за сите граѓани на територија на целата држава. Забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на претстојниот христијански празник Велигден, ќе трае до 21 април 2020 година (вторник) до 05:00 часот. Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да […]

Ангеловска-Бежоска за „Гласот на Америка“: Денарот останува стабилен


Клучно е здравствената корона-криза, во глобални рамки да стивне до средината на годината, за потоа да се олабават мерките за заштита на здравјето и економијата постепено да се враќа во нормала. Мошне е важно шокот предизвикан од појавата на коронавирусот да трае што пократко за да нема поголеми негативни ефекти врз билансите и на фирмите […]