Иванка Трамп на удар на јавноста: Не седела дома, патувала


САД-Иванка Трамп е обвинета за игнорирање на сопствените совети и национални насоки за патување во текот на коронавирусот, откако отпатувала во Њу Џерси за празникот Пасха, во голф клубот на татко ѝ.

Советничката и најстарата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, патувала повеќе од 300 километри со своето семејство за првиот ден Пасха на 8-ми април.

На патот од Вашингтон до Њу Џерси ѝ се придружил и нејзиниот сопруг Џаред кој што исто така е советник во администрацијата на Доналд Трамп и нивните три деца.

Нивното патување е спротивно на препораките од власта и снимките кои што тие ги објавиле, во кои им порачуваат на Американците да останат дома.

„Оние среќните, кои што се во состојба да останат дома, ве молам, направете го тоа. Секој од нас има клучна улога во успорување на ширењето на вирусот“ – изјавила Иванка во снимката која што ја објавила на нејзиниот профил на Твитер.

Не е јасно како патувале, но тоа патување сигурно вклучувало и некои агенти од тајните служби, пишува „Њујорк Тајмс“.

Инаку, Вашингтон издал наредба за останување дома на сите жители на градот, освен во случај на апсолутна потреба од 1-ви април, една седмица пред патувањето на Иванка Трамп.