Дутерте: Кој не почитува карантин, војската ќе му пресуди „по кратка постапка“


Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се закани дека ќе примени „воен суд по кратка постапка“ во случај на непочитување на едномесечниот карантин, воведен поради епидемијата на корона вирус во регионите каде најмногу се прекршува.

Тој рече дека ќе им наложи на полицијата и војската стриктно да водат сметка за примената на мерката за физичка дистанца и полицискиот час, доколку граѓаните не бидат дисциплинирани. Полицијата пријави околу 120.000 случаи на прекршување на карантинот од воведувањето во март.

– Полицијата и војската ќе инсистираат на физичкото дистанцирање и почитување на полицискиот час. Ќе го прават тоа. Тоа е како воен суд по кратка постапка. Па вие одберете. Ниту мене не ми се допаѓа, рече Дутерте, додавајќи дека ќе мора тоа да го направи ако земјата бидае загрозена, а граѓаните не покажат дисциплина.