Данската кралица Маргрет го прослави 80-от роденден во карантин


Си синовите Фредерик, лево, и Јоаким

Данска (АФП) – Данците излегоа надвор да ѝ посакаат на својата популарна кралица Маргрет среќен 80-ти роденден, пеејќи и мавтајќи со црвено-бели дански знамиња, и покрај полу-мерките за заштита од коронавирусот.

Големите свечености беа откажани поради новиот вирус, но Данците од сите возрасти стоеја на балконите, на улиците, во парковите и нивните станови, почитувајќи ги правилата за социјално дистанцирање.

Кралицата, го дочека роденденот во нејзината палата Френдсборг, северно од Копенхаген, каде што се самоизолира.

По неколку песни, кралицата излезе тред портата на палатата и  мавташе кон добронамерниците.

Маргрет владее скоро половина век, преземајќи го тронот на 14 јануари 1972 година по смртта на нејзиниот татко, кралот Фредерик IX, кога имала 31 година.

Според анкетата за „Воксметр“ за 2018 година, три четвртини од Данците ја поддржуваат монархијата, додека само 14,6 проценти би претпочитале република.

Околу 80 проценти, исто така, се изјаснија дека се добро претставени од кралицата и нејзините двајца сина, престолонаследникот, принцот Фредерик (51) и принцот Јоаким (50) и нивните семејства.

Нејзиниот сопруг со француско потекло, принцот Конзорт Хенрик, почина во 2018 година.

Маргрет е првиот женски регент во најстарата монархија во Европа и постојано инсистираше на тоа дека нема да абдицира.

Кралските набљудувачи ја припишуваат нејзината популарност на способноста да ја обедини нацијата и да служи како морален авторитет, како и нејзиниот успех во постепено модернизирање на монархијата.

Таа е позната и по дизајнирање носии и комплети за балет и телевизија, како и за нејзините сликарски и илустрации во книги.

Данска започна да ги отвора училиштата за помлади деца во средата по едномесечното затворање во борбата против пандемијата COVID-19, со што стана првата земја во Европа што го стори тоа.