Белгија со нависока стапка на смртност од ковид-19


Белгија има највисока стапка на смртност од корона вирусот на светот, која, според анализите на американскиот универзитет „Џон Хопкинс“, изнесува 13,4 отсто.

Една од причините за тоа е драматичната состојба во домовите за стари лица.

Ендру Престона од Универзитетот во Бату вели дека стапката на смртност генерално е повисока во популации со поголем број стари луѓе и оние со хронични заболувања.

За големата смртност во Белгија придонесе и тоа што вирусот продре во голем број старечки домови, на чии штитеници и вработени се однесува 45 отсто од вкупниот број смртни случаи.

Д-р Петер Дробац од Оксфордскиот универзитет укажува на тоа дека вирусот во таа земја посебно тешко ги погоди домовите за стари и потсетува на сличен тренд кој е забележан во Франција и во Велика Британија.

„Итен приоритет во Белгија, но и во другите земји, е на тој факт да се обрне повеќе внимание“, вели Дробац.

Како што потсетува „Њузвик“, стапката на смртност претставува број на смртни случаи во однос на бројот на потврдени.

Белгија по тој параметар ја престигна Италија, во која стапката на смртност изнесува 13 отсто и Велика Британија со 12,8 отсто.