Кина призна дека ги изброила „грешно“ мртвите во Вухан


Агенцијата Франс Прес утрово јави дека Кина го признала манипулирање со бројките на мртвите во жариштето на епидемијата, Вухан. Место официјалната бројка, реалната била повисока за 50 отсто, односно умреле вкупно 3.869 лица.

До вчера светот се воодушевуваше од ефикасноста на кинеските власти во справувањето на епидемијата, но се покажа дека ниту одговорот бил толку брз како што го преставуваа, ниту пак епилогот.

АФП објави и фотографии на нивниот репортер кои ја покажуваат вистинската слика во болниците место ретушираната од Пекинг со новата болница изградена во рекордно време. На неа се гледа како Кинезите ги преплавиле болниците во времето на епидемијата, толку што нема место по ходниците.

Кина десетина дена е на удар на критики и закани од санкции во целиот свет бидејќи со криењето на бројките остави лажна слика за корона вирусот така што другите го дочекаа неподговени.