Во Холандија бројот на заразени од коронавирус надмина 10.000 лица


Во Холандија бројот на потврдени случаи на коронавирус надмина 10.000 лица, соопштија здравствените власти, додавајќи дека порастот на смртни и хоспитализирани случаи покажува знаци на забавување. Досега починаа вкупно 771 лице. Холандскиот Национален институт за здравје (РИВМ) соопшти дека бројот на заразени за 24 часа е зголемен за 1.104, на вкупно 10.866, што е пораст […]

СДСМ: Мицкоски е главен антидржавен и антинароден протагонист


Владејачката СДСМ преку соопштение го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека се грижел само за партиски профит и дека воопшто не го интересира здравјето на граѓаните, „нивното враќање во татковината, не го интересира како вработените во институциите се справуваат со кризата, не му е важно колкава е пожртвуваноста кај нив“. Според СДСМ, „Мицкоски е заинтересиран само […]

Да не се носат маски за заштита од корона вирус е „голема грешка“, вели врвниот кинески научник


Директорот на Центарот за контрола и превенција на болести во Кина, Џорџ Гао, во интервју за „Сајнс“ ги предупредува САД и Европа: „Ова е најголемата грешка што ја правите“   Американското научно списание „Сајнс“ (Science) два месеци се обидуваше да го интервјуира Џорџ Гао, генерален директор на Кинескиот центар за контрола и превенција на болести, […]

Германија: Се самоуби министер за финансии?


Министерот за финансии на германската покраина Хасен, Томас Шефер, пронајден е мртов покрај железничка пруга, а полицијата претпоставува дека се работи за самоубиство. Според соопштението од полицијата од Визбаден, лешот на политичарот од редовите на ЦДУ, пронајден е синоќа во Хохајм покрај железничка пруга. Шефер одтавил и проштално писмо зад себе. во кое, како што […]

Мицкоски нема да го тужи Рашковски за објавените смс-пораки


ВМРО-ДПМНЕ преку својот портпарол Димче Арсовски соопшти дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски немало да го тужи генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски за пораките што беа објавен заедно со владиното соопштение. Владата го обвини Мицкоски дека „врши притисок врз институциите при што организираните активности за враќање на македонските граѓани во нашата земја и за […]

„Аџибадем Систина“ набавила 35.000 тестови


Клиничката болница „Аџибадем Систина“ набавила нови 35.000 тестови. -Располагаме со вкупно 50.000 тестови со што помагаме кон стратегијата за масовно тестирање на населението, соопштија од болницата. До денеска од сите тестирани пациенти во КБ „Аџибадем Систина“ позитивни били резултатите за 11 пациенти. Сите позитивни се пријавени во Институт за јавно здравје, согласно пропишана постапка за […]

Филипче: Системот не потфрли во однос на заштитата на здравјето на медицинскиот персонал


Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција нагласи дека системот не потфрлил во однос на заштитата на здравјето на медицинскиот персонал. Добар дел од здравствените работници, како што потенцира, практично не се заразени за време на работа со пациенти, туку од контакти, несвесни дека имаат контакт со заболени. – Мислам дека здравствените работници се […]

Норвешка најави тестирање по случаен избор на коронавирус


Властите во Норвешка најавија спроведување тестирање по случаен избор за коронавирус, по примерот на Исланд. Официјални лица од Норвешкиот институт за јавно здравје велат дека ваквото тестирање може да обезбеди одговори на две прашања: колку луѓе кои покажуваат симптоми на болеста се навистина заразени со вирусот и зачестеноста на вирусот кај општата популација. Тестирањето ќе […]

Во Словенија најдоа начин како да им помогнат на малите бизниси


Поради епидемијата на новиот корона вирус во Словенија најголеми финансиски и економски последици трпат малите бизниси, покажуваат државните анализи. Со цел да им се помогне приватна компанија направи интернет-страница и мобилна апликација со која граѓаните можат да купуваат услуги кои ќе ги добијат по завршувањето на изолацијата и епидемијата, јави дописникот на МИА од Љубљана. […]

Филипче најави разрешување на директорката на Охридската болница


Директорката на Охридската болница утре ќе биде разрешена поради случајот со 66-годишната жена од Струга, која почина од коронавирус, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. -Во однос на случајот со вчера починатата од Струшко, која не била хоспитализирана, според информации на Инфективното одделение во Охридската болница, сакам да ве информирам дека утре […]

Уште двајца починаа од Ковид-19


На клиниката за инфективни болести починаа двајца, соопшти министерот Венко Филипче. Еден пациент на 91-годинша возраст кој осум дена бил во болница, и пациент на 31-годишна возраст, кој вчера бил ставен на респиратор, но за жал, утрово починал. Вкупниот број на нови заболени до денеска до 12 часот е 16, со што вкупниот број се […]

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до седми август во 2021 година


Јапонија – Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до седми август во 2021 година. Веста ја објавија јапонските медиуми, повикувајќи се на извор од организацискиот комитет. Најголемиот светски спортски настан беше планиран во периодот од 24 јули до девети август летово, но, првпат во историјата беа одложени ОИ поради пандемијата со новиот […]

Соопштение од Владата: Христијан Мицкоски враќањето на граѓаните го нарекува „уништување на државата“


Владата на Република Северна Македонија ги информира граѓаните дека опозицијата преку претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  врши притисок врз институциите при што организираните активности за враќање на македонските граѓани во нашата земја и за нивно сместување во државни карантини ги нарекува „уништување на државата”. Имено, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ синоќа со директни пораки преку […]

(Видео) Ѓорѓе Давид: Во Македонија и во јужна Србија се фотографирав со над 500 луѓе


Српскиот пеач Ѓорѓе Давид, кој е заболен од Ковид-19, од болницаата каде што е згрижен, во видео интервју што го објави „Блиц“, зборува за тоа каде можел да се зарази и со кого се бил во меѓувреме. „Свесен за фактот дека од јануари кашлам периодично и многу сериозно, направив преку 2.000 километри токму во периодот […]

Сто и две лица приведени поради непочитување на мерката за забрана на движењето


Вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето во текот на изминатото деноноќие, при што полициските службеници привеле 102 лица, 46 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО. Како што соопшти МВР во текот на вчерашниот ден на 180 лица им се издадени решенија […]

Мала прослава за своја душа


Си доделив тајмаут од „напорното“ седење во самоизолација, за да ја прославам оваа радосна вест. Конечно приказната со ЕУ добива голема извесност за среќен крај, кој имам шанса и да го доживеам   ЕРОЛ РИЗАОВ (Колумна за Дојче веле) За време на полициски час одлучив сам да си направам мала прослава како мевлем за душа. Иако […]

Хоспитализиран легендарниот турски голман Рушту


Турција– Легендарниот турски голман Речбер Рушту е хоспитализиран откако било утврдено дека е позитивен на новиоит  коронавирус. Се беше нормално, но одеднаш почнаа брзо да развиваат симптомите на болеста. Во шок сме, ова се критични времиња. Најтешко е што не можеме да го видиме. Имајте свест и совест и почитувајте ги другите, изјави неговата сопруга […]

Како да им се помогне на жртвите на семејно насилство во карантин?


Светот се повеќе се повлекува во своите домови, обидувајќи се да го спречи ширењето на новиот коронавирус, но што ако најголемата опасност живее со вас? Тоа е сценарио со кое се соочуваат многу жртви на семејно насилство во ова време на социјално дистанцирање и карантин, велат активистите за нивна заштита. Иако останувањето во изолација дома […]

Трамп нема да го затвори Њујорк


САД – Претседателот на САД, Доналд Трамп одлучи дека нема потреба од карантин во Њујорк. Тој претходно ја најави можноста за затворање на Њујорк и делови од Њу Џерси и Конектикат како мерки во борбата против новиот коронавирус. Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо дека затворањето ќе биде „смртоносно и антиамериканско“. Тој додаде дека Њујорк ги спровел […]